3Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
КултураКанческа-Милевска во работна посета на Руската Федерација Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска престојува во работна посета на Руската Федерација, каде учествува на четвртото издание на Санктпетербуршкиот меѓународен културен форум. На настанот учествуваат лидерите од областа на политиката, културата и бизнисот од целиот свет, кои дискутираат за можностите за продлабочување и стимулирање на културната соработка меѓу државите.Годинава на овој значаен настан, чии домаќини од 13 до 16 декември се Владата на Руската Федерација, Министерството за култура и администрацијата на Санкт Петербург, присуствуваат повеќе од 11.000 учесници, 30 министри за култура и други видни претставници од повеќе од 55 држави од целиот свет. Во рамки на Санктпетербуршкиот форум, Канческа-Милевска утринава се обрати на 11-от состанок на Бордот на „Форумот на словенски култури“, еминентна меѓународна фондација која веќе десет години ги промовира и афирмира особеностите на словенските народи и обезбедува интензивна комуникација на словенската со другите култури. Како што информира денеска Министерството за култура, Канческа-Милевска, која воедно е и претседател на Управниот одбор на Форумот на словенски култури, пред присутните се осврна на важноста на оваа фондација која, како што се наведува, се препознава како референтна глобална платформа за интеркултурен дијалог, за зачувување на културните традиции на словенските народи како трајни и универзални вредности во глобални рамки. Канческа-Милевска пред присутните министри за култура и високи претставници на земјите-членки, меѓу кои и специјалниот претставник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка, Михаил Швиткој, истакнала дека од особено значење е што оваа година пленарната седница на Санктпетербуршкиот меѓународен културен форум е посветена на уште еден мошне значаен јубилеј. Се работи за 70 – години од основањето на УНЕСКО, организацијата со која Република Македонија, но и сите земји-членки на Форумот на словенски култури негуваат одлични односи кои се карактеризираат со реализација на многубројни активности и иницијативи. - На состанокот на Бордот на Форумот на словенските култури беше разгледан и годишниот извештај во кој беа сублимирани сите постигнати резултати на фондацијата за оваа година, но беа нотирани и плановите за 2016 година преку кои уште поинтензивно ќе се промовираат културните особености на словенските народи, информира Министерството за култура. Во попладневните часови Канческа-Милевска ќе присуствува и на пленарната седница и на свеченото отворање на 4-тото издание на Санктпетербуршкиот меѓународен културен форум. Предвидено е да учествуваат високи претставници од целиот свет, како и генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, а најавено е и присуството на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Министерката за култура Канческа-Милевска утре ќе има официјално обраќање и на меѓународната конференција „Културното и духовното единство на словенските народи“, на која ќе се дискутира за културното наследство и културно-сознајните туристички правци на словенските држави. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураСмеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. „Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар. Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи. Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај. Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни. Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи. Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. 29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.Тагови: Денови на комедијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter