Канческа - Милевска во посета на Меѓународниот град на уметностите во Париз - Канал 5

Канческа - Милевска во посета на Меѓународниот град на уметностите во Париз

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска престојува во работна посета на Париз, Франција, каде ќе го посети Меѓународниот град на уметностите и ќе се сретне со генералниот директор на оваа реномирана културна установа, Жан Ив Лангле.

Канческа - Милевска во посета на Меѓународниот град на уметностите во Париз
Во рамките на Меѓународниот град на уметностите во Париз, е основано и ателје на Република Македонија каде повеќе од 80 реномирани македонски ликовни и музички уметници, со поддршка на Министерството за култура, изминативе 12 години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во светската метропола на уменоста, да разменат искуства и да остварат контакти и соработка со релевантни галерии и институции. На средбата, министерката за култура Канческа-Милевска и генералниот директор Лангле, меѓудругото, ќе разговараат и за можностите за продлабочувањето на соработката помеѓу Министерството за култура и Меѓународниот град на уметностите.

Во недела, пак, во една од најпрестижните сали во Париз, Театарот Ле Палас, министерката Канческа-Милевска, во присуство на бројни гости, дипломати, претставници на УНЕСКО и Францускиот институт од Париз, ќе се обрати на отворањето на јубилејното, петто по ред, издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа „SEE a Paris”, кој од 12 до 16 април се одржува во француската метропола. На програмата на ова јубилејно издание кое е во организација на асоцијацијата SEE a Paris и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, под патронажа на УНЕСКО и во партнерство со Монтенегро Филм Фестивал и повеќе европски и регионални институции, пред француската филмска и културна јавност ќе бидат презентирани најновите филмски остварувања на 12 земји од Балканот, како и неколку филмови од Република Македонија. На церемонијата на свеченото отворање, ќе бидат доделени и неколку почесни награди, меѓу кои наградата за најдобар актер во југоисточна Европа, ќе му биде врачена на светски реномираниот актер Раде Шербеџија.

Во рамките на манифестацијата, по свеченото отворање, премиерно пред париската публика ќе биде изведена и современата балетска претстава „14 часа“, во режијата на Наташа Поплавска. Гостувањето во Париз на една од најгледаните балетски продукции на Македонската опера и балет, следи по мошне успешното претставување на ова балетски дело во Рим, Виена и Сараево.

За време на престојот во Париз, министерката Канческа-Милевска, предвидено е во седиштето на УНЕСКО да оствари работна средба со генералниот директор на оваа меѓународна организација, Ирина Бокова. На средбата ќе стане збор за досегашната соработа но и за останатите активности помеѓу Република Македонија и оваа еминентна организација, соопшти денеска Министерството за култура. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер