3Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
КултураКанческа-Милевска: Со стимулативните мерки ќе се унапреди културата Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска одговарајќи на пратеничко прашање рече дека стимулативните мерки кои се воведени во сите дејности од областа на културата се преточени во Националната стратегија од областа на културата, која ја донесе Владата па потоа Собранието за периодот од пет години, односно до 2017 година.- Навистина ми е драго што во Националната стратегија се најдоа овие стимулативни мерки со кои ќе придонесеме во унапредување на културата, бидејќи сепак таа е доста специфична и сегментарна, рече Канческа-Милевска. Додаде дека треба да се даде почит и признание кон сите уметнички вредности во нашата држава и тоа се прави континуирано со поддршка на проекти од национален интерес. - Започнавме со воведување на стимуалтивни мерки и тоа во сите дејности. Со стимулативната мерка во делот на сериозната, класичната музика врз основа на објавенот конкурс беа откупени дела на 42 автори. Овие дела се целосно реализирани преку нашите национални институции и Македонската опера и Македонскиот театар, Македонската филхармонија како и помалите дела што беа изведени од страна на Сојузот на композитори вклучувајќи и одделни оркестри коишто ги зведе овие помали дела, рече Канческа-Милевска. Додаде дека ќе продолжат со оваа мерка и годинава, се со цел да се даде поддршка на авторите во делот на серизоната музика и овие дела да бидат изведени пред јавноста. Говорејќи за издавачката дејност, министерката за култура рече дека Македонија е земја која посветува, финансира и дава поддршка во делот на оваа дејност која се наоѓа во приватниот сектор. - Покрај годишниот конкурс ние воведовме и една стимулативна мерка која се однесува за странски издавачи. Секоја година се објавува конкурс кој е наменет за странски издавачи кои се јавуваат со превод на наши дела, рече Канческа - Милевска. Мерката, како што додаде, наиде на многу позитивен одек од страна на јавноста и на стручната фела. Истакна дека е воведена и симулативна мерка во делот на драмската уметност и оти на вториот конкурс се откупени драмски текстови се со цел да бидат изведени од нашите национални театри. - На овој конкурс прифативме три нови драмски текста на автори што беше за изненадување и помлади автори коишто не се познати многу во јавноста, така да овие дела ќе бидат поставени на репертоарот на нашите национални театри, истакна министерката. Во оваа прилика Канческа-Милевска ја спомена и стимулативната мерка во делот на ликовната уметност каде е започнат откуп на ликовни дела од наши македонски уметници. - Минатата година во оваа мерка влегуваа покрај ликовните дела и помали формати на склуптури на склуптурални решенија кои може да се најдат во галериите на нашите институции. На првот откуп беа откупени над 65 уметнички дела на наши ликовни познати автори се со цел јавноста да ги види овие откупени дела имавме и посебна изложба во Националната галерија каде што јавноста можеше да се запознае што е октупено на првиот конкурс, рече Канческа-Милевска. Овие дела, како што додаде, ќе се најдат во постојаните поставки и на Музејот за современа уметност и Националната галерија, како и во некои наши државни институции. Додаде дека до крајот на мај ќе се објават и новите резултати од вториот конкурс во однос на оваа стимулативна мерка. Сите стимулативни мерки, според министерката за култура, се од огромно значење за нашите уметници и за унапредување на нашата култура. - Нема да застанеме тука, ќе продолжиме со овие стимулативни мерки кои имаа позитивен одек и одраз и од страна на нашите институции, рече Канческа-Милевска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 13. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Сѐ ќе ви биде интересно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван АнастасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook