Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
2Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
КултураКанческа-Милевска се сретна со Маргарет Атвуд, добитник на „Златниот венец“ на СВПМинистерката за култура Елизабета Канческа - Милевска денеска се сретна со канадската поетеса Маргарет Атвуд, добитник на „Златниот венец“ на овогодинешното 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Таа и ја честиташе оваа, како што рече, голема награда и посочи дека и е драго што со добивањето на „Златниот венец“ на СВП канадската поетеса Атвуд влегува во домот на најголемите бардови на светската поезија. - Делата на Маргарет Атвуд, нејзината страствена сугестивна поезија е автентична и исклучително богата. Атвут е исклучителна појава во светската поетска историја, еден поетски глас, една генерација на автори кои длабоко ја допреа пред се личната и емоционалната историја на луѓето. Посебно ми е драго што оваа година имаше огромно присуство на автори и тоа 32 поети од 30 земји кои навистина дадоа престижен и значаен влог во промоцијата на СВП, истакна Канческа - Милевска. Посочи дека како Влада и како Министерство за култура ќе продолжат со својата силна поддршка на оваа наша национална институција бидејќи, како што рече, СВП се наш најголем национален бренд, една исклучителна манифестација која ги почитува јазиците на сите народи. - Навистина е едно посебно чувство кога ќе одите и на отворањето и на сите оние денови кога се реализира оваа манифестација да го почувствувате тој силен јазичен идентитет кој произлегува од сите поети, почитувајќи ги сите култури, јазици и се разбира, чувството и емоционалноста на самите поети кои ја изразуваат преку нивната поезија и творештво, нагласи Канческа - Милевска. Потенцира дека на денешната средба ја запознала Атвуд за огромните вложувања на Владата и на Министерството за култура во сите сегменти од сите дејности во областа на културата, нивните заложби во унапредување на културниот развој и силната меѓународна промоција на нашиот идентитет и на нашите културни и историски вредности надвор од Република Македонија. - Ја запознав со голем број проекти во делот на инвестициите кои ги имаме реализирано во изминатиот период, зачувување на нашето вредно културно наследство, сите оние инвестиции во областа на културата, за голем број капитални проекти кои ги реализираме во делот на литературната и издавачката дејност. Имав можност да и го презентирам нејзиното дело „Пенелопеја“ кое се наоѓа во проектот „Ѕвезди на светската книжевност“, кое е преведено на македонски јазик. Уште едно нејзино дело „Слепиот убиец“ е преведено на македонски јазик, рече Канческа - Милевска. Посочи дека ја информирала Атвуд и за мерката која веќе две години ја реализираат, а е наменета за странски издавачки куќи. Додаде дека Атвуд денеска ќе го посети Археолошкиот музеј, Музејот на македонската борба, Спомен куќата на Мајка Тереза, како и некои значајни локалитети, како што се Стоби, Скупи... Министерката Канческа-Милевска му се заблагодари на директорот на СВП, Мите Стефоски и на претседателот на Управниот одбор на СВП, Славе Ѓорго Димоски и на сите вработени за успешната реализација на 55.издание на оваа манифестација. Атвуд рече дека и е драго што е добитник на најголемото признание „Златен венец“ на СВП. - Струга е прекрасен град и прекрасна визуелна глетка за читање поезија. Беше одлично да ги слушнеме авторите како читаат поезија на својот мајчин јазик. Ова е единствен фестивал кој има огномет. Беше прекрасна можност да запознаам многу различни поети и млади луѓе, а на моја возраст скоро сите што ќе ги запознаете се млади, посочи Атвуд. Научивме, истакна, многу работи за Македонија кои не ги знаевме порано. - Македонија има голем број историски и културни локалитети кои треба да се посетат. Дознав една многу битна работа, тоа е дека има многу голем број птици и животинскиот свет во Македонија е многу богат и уживав да го видам. Ги повикувам сите љубители на птиците да дојдат во Македонија затоа што ќе има што да видат, додаде Атвуд. Се заблагодари на организаторите на СВП, кои, како што потенцира, вложиле голем труд да ја организираат манифестацијата. Стефоски и се заблагодари на Атвуд за учеството на СВП и посочи дека 55.издание на СВП било едно од науспешните. Министерката Канческа-Милевска на Атвуд и подари сребрена пеперутка во рамка, која е дел од богатото културно наследство на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосета на претставници од Амбасада на САД во Општина КумановоНа првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ. На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула. Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните. Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.Тагови: Општина Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програмиМинистерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес. Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите. Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.Тагови: Агон Ферати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќаДизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните. Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи. Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните. Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците. Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата. Тоа е арамиска власт. Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување. Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook