Канческа-Милевска ја прими добитничката на многу награди, виолинистката Ева Богоевска

Петнаесетгодишната виолинистка Ева Богоевска, која на 6 ноември беше прогласена за победник и го освои „Лауреатот од прв степен“ на реномираниот меѓународен Фестивал за музика „Сребрен камертон“, кој се одржа во Санкт Петербург, денеска беше примена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Настапот на Ева, која е добитник и на многу државни и меѓународни награди, во Санкт Петербург беше поддржан од Министерството за култура.

Министерката Канческа-Милевска изрази благодарност до Ева за сето она што таа во изминатиот период го направила за промоција на македонската култура и уметност.

- Ева е голем уметник, нејзиниот уметнички пат го следам уште од помладите години. Навистина ми е драго што Министерството за култура го препозна уметничкиот вредносен капацитет на Ева Богоевска, истакна Канческа-Милевска и изрази уверување дека уметничката вредност која ја поседува и од година во година ја гради Ева Богоевска, и за неа и нејзиното семејство многу ќе значи, а посебно за државата.

Посочи дека на последниот натпревар кој се одржа во Санкт Петербург, Ева ја понесе првата награда што е огромна важност за промоција на македонската уметност.

- Ева на голем број настани освои многу вредни награди. Даваме поддршка и на голем број други уметници кои се талентирани. Соработката со средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ и со Факултетот, е многу значајна со цел она што е најдобро и највредно, да се најде во оркестрите на нашите национални ансамбли. До крајот на годинава ќе се вработат голем број уметнички кадар во институциите кои се многу значајни за културата на државата, рече Канческа-Милевска.

Додаде дека многу значаен меѓународен фестивал кој се одржува секоја година во Охрид е „Езерски бисери“ на кој учествуваат голем број музичари од целиот свет, се доделуваат вредни награди и тоа, според неа, е еден инпут и за иднината и на македонските уметници.

Богоевска истакна дека била многу среќна кога го добила лауреатот на престижниот натпревар во Санкт Петербург.

- Бев горда и за себе, а секако и за мојата земја. Среќна бев што успеав да ја оправдам довербата на сите оние кои ме поддржуваа и кои веруваа во мојот успех особено на Министерството за култура кое го поддржа настапот и ми овозможи уште еднаш да и донесам победа на Македонија. Се претставив со делата „Варијации на традиционална тема за соло виолина“ од композиторот Живоин Глишиќ и „Цигански напеви“ од Пабло Сарасате, рече Богоевска.

Посочи дека добила големи пофалби од жирито за нејзиниот настап.

- Жирито беше составено од еминентни професори, рече Богоевска и додаде дека кога се подготвува за настапи работи повеќе часови дневно.

Ана Кондратенко, виолинистка во Македонската филхармонија и професор на Ева Богоевска рече дека нивното заедничко дело вродило со успех.

- Добивме многу пофалби и поддршка за да одиме понатаму со Ева на уште поголеми светски натпревари, додаде Кондратенко.

Директорот на училиштето „Илија Николовски Луј“, Јован Бицевски укажа дека Министерството за култура несебично ги подрржува учениците и голем број од нив учествуваат на реномирани фестивали или натпревари.

Директорот на Фестивалот „Езерски бисери“, Марјан Катароски рече дека треба да се негуваат, потенцира, помагаат уметниците кои ни даваат чувство на гордост кое е ретка можност во светот да се доживее - „да стоите покрај нив и да се чувствувате гордо дека сте Македонец“.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер