Ѓорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца
2Ѓорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца
КултураКанческа-Милевска го посети Саемот на книгата во „Матица македонска“Богато македонско книжевно творештво и по достапни цени за сите граѓани нуди 16. Саем на книгата во „Матица македонска“, кој денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Саемот ќе таре до 31 јануари. Саемот и годинава, посочи министерката, традиционално е посветен на голем број македонски автори, што значи дека има зголемена македонска продукција односно зголемено македонско литературно творештво кое се издава од година во година. Саемот, според неа, овозможува секој ден да се има и директен контакт со одреден автор. Истакна дека Саемот е одлична можност да се купат извонредни дела на македонски автори и да се збогати домашната библиотека. Книгата за неа, како што нагласи, претставува најголемо богатство и сите треба да се стремат книгата секогаш да им биде најголемиот пријател и достапна секогаш и секаде. - Новите технологии се во најширок замав, но сепак, друго е да следите нешто на интернет и да читате, друго е книгата да биде пред вас и да имате можност за директен контакт со неа. Купив дела значајни за мене како социолог, дела кои ја поврзуваат социологијата со општествената образовна и културна промена, некои дела од мојата област „Култура и меморија“ на Марта Марковска, со која имав можност да се видам. Другото дело е од мојот ценет професор Петре Георгиевски. Мојата библиотека е многу голема, рече Канческа-Милевска и додаде дека ја купила и книгата „Полноќна роза“ од Лусинда Рајли и многу други дела од македонски автори. Министерството за култура, нагласи, дава силна поддршка секоја година на годишниот конкурс. - Многу дела од овие автори се продаваат по достапни цени. Ќе продолжиме со таа поддршка на годишно ниво, со стимулативната мерка која ја воведовме и има позитивен исчекор. Минатата гопидна имаше голем интерес од странските издавачи кои ќе преведат многу македонски дела на друг странски јазик и ќе се најдат на странскиот пазар. И оваа година ќе продолжиме со тој конкурс и со таа стимулативна мерка, истакна Канческа-Милевска. Појасни дека редовно прават и откупи на дела кои имаат за цел да се дистрибуираат до библиотеките во државата и да бидат достапни до сите граѓани. - Тука се и капиталните дела кои дадоа силен исчекор и во преведувачката фела, во стручната литература, во делата кои се наоѓаат во Ѕвездите на светската книжевност и во оние завршени капитални проекти како што се „135 тома македонска книжевност“. За сите автори присутни тука и застапени во оваа едиција, е од огромна важност е што нивните дела се преведоа и на англиски јазик. Сега се работи антологискиот приказ на уште шест јазици и целта ни е исто така да ги дистрибуираме до сите светски библиотека со цел да се најдат пред светските читатели, рече Канческа-Милевска. Укажа дека во 1987 година вкупниот приход на книгата од македонските автори бил 5 проценти, а сега тој е 85 проценти. - Тоа значи дека навистина треба да бидеме горди на нашите македонски автори, на сето она што од година во година го создаваат и од сето она што се издава во нашата држава, додаде Канческа-Милевска. Дејан Павлевски од „Матица македонска“ истакна дека е горд што има автори кои можат да конкурираат и да бидат рамо до рамо со светските автори. - Од година во година имаме се повеќе читатели. Годинава радува што секојдневно гледаме се помлада публика, додаде Павлевски. Писателот Блаже Миневски рече дека празник за секој автор е кога ќе види книгата која ја напишал и за која се залагал, да излезе пред јавноста, да почне да се продава и купува. - Уште поголемо задоволство и среќа е кога зад еден таков проект ќе застане Владата. Македонските писатели добиваат огромен третман и кај издавачите и кај Министерството за култура. Се надевам дека таа поддршка и натаму ќе продолжи. Имаме македонски автори за кои пред 10 години беше неразбирливо да имаат по четири, пет или осум изданија на свои книги. Тоа за Македонија е навистина голем успех, додаде Миневски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОд детска кавга до вооружена престрелка- тројца загинати, меѓу кои двајца браќа (ВИДЕО)Три лица загинаа денеска кога тепачка меѓу деца стана смртоносна во пакистанскиот град Фатех Џанг, во близина на Аток.Престрелката се случила во населбата Наи Абади, каде што расправија меѓу децата довела до тепачка меѓу возрасни членови на семејството, објави 24NewsHD. За време на тепачката, еден од мажите извадил пиштол и отворил оган. Тројцата лица починале на самото место. Жртвите се идентификувани како Самад (28), Саџид (35) и Амир Азиз (55). Самад и Саџид биле браќа. Телата на жртвите биле однесени во болницата Техсил во Фатех Џанг, а полицијата веднаш се упатила на местото на настанот по добивањето на пријавата. Според полицијата, осомничениот избегал и се водат рации на различни локации за да се уапси. Children’s Fight Turns Deadly as Three People Are Shot Dead in Fateh Jang CLICK HERE: https://t.co/3ZeI0d8y3w #ChildrenFight #Deadly #ThreePeople #ShotDead #FatehJang #TTI https://t.co/38ntrVIVRx — The Truth International (@ttimagazine) November 13, 2026 Главниот министер на Пенџаб, покраинскиот генерален инспектор на полицијата и регионалниот командант на полицијата во Равалпинди се информирани за инцидентот и презеле мерки. Командантот на регионалната полиција им наредил на високите полициски службеници веднаш да излезат на местото на настанот и да започнат сеопфатна и транспарентна истрага за да го изведат сторителот пред лицето на правдата. Тагови: браќата престрелка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите децаНајголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија.Најголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија, порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на свечената академија по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, објави Република. Денес нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца. Дали ќе имаат зелени паркови, дали безбедно ќе одат на училиште, дали ќе растат во град што ги слуша, ги поддржува и им отвора повеќе можности. Како градоначалник мојата заложба е да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации. Уредно, зелено, безбедно и современо Скопје. Град што ќе поврзува, што ќе инспирира. Град во кој секое населено место добива внимание, а секој наш човек добива заслужена почит. Град чие богатство се гледа и во грижата за најранливите – истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на главниот град. Пред 82 години на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст, со непоколеблива решителност, а некои од нив и со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни, затоа нивното дело има вечно место во срцето на нашето Скопје. На 13 ноември го славиме најсветлиот ден во историјата на нашиот град. Денот кога по години окупација, страдање и неизвесност, градот Скопје конечно ја дочека својата слобода – порача Ѓорѓиевски. Градоначалникот посочи дека во изминатиот период биле деблокирани проекти кои со децении стоеле нереализирани и дека биле преземени обврски за решавање на најтешките прашања со кои се соочуваат граѓаните. Воедно, им оддаде особена чест на добитниците на наградата „13 Ноември“ која Град Скопје традиционално ја доделува во повеќе категории, како култура, наука, уметност, архитектура итн. по повод денот на неговото ослободување во Втората светска војна. Со вашето знаење, творештво, труд и пред сè човечност, вие му давате посебна вредност на нашиот град Скопје. Вашите успеси стануваат дел од нашиот углед и угледот на главниот град. Вашата посветеност ги охрабрува нашите млади да веруваат во себе. Вашиот пример покажува колку многу може да направи човек кога со својата дарба ќе ја посвети на општото добро – рече Ѓорѓиевски. Годинашни добитници на наградара 13 Ноември од областа на публицистиката се Леунора Калиќи за долгогодишна професионална работа во новинарството и публицистиката и Огнен Марина за делото „The Skopje Project“, посветено на истражувањето на обновата на Скопје. Во областа на образованието и воспитанието наградата му е доделена на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод 60 години од неговото основање. Добитници на признанието се и Мирко Стефаноски за придонес во развојот на културниот живот во Скопје, Марија Кичевска Шокаровска за долгогодишен придонес во балетската уметност, како и група автори на учебниците „Превентивна стоматологија“ и „Детска стоматологија“ во областа на здравствената заштита. Награда за заштита и унапредување на животната средина доби компанијата „Мен енд маунтен“ ДОО Скопје, додека признанието за хуманитарна активност му припадна на Илија Кировски. Во областа на спортот наградена е пливачката Меланија Ќулавковска, а во категоријата ученици и студенти наградата ја доби Михаела Блажевска за своите образовни достигнувања и за креирањето на платформата „Learn.mk“. На денешен ден во 1944 година Скопје беше ослободено од фашистичката окупација, по неколкудневни борби во кои учествувале 42. и 50. народноослободителна дивизија и 16. македонска бригада. Во борбите за ослободување на градот загинале повеќе од 420 борци, додека за време на Втората светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаМисиците од Африка не можат да добијат американска виза- можно е да не учествуваат на „Мис Универзум“ (ВИДЕО) Сè уште не е сигурно дали претставничката на Зимбабве, Розана Хол, ќе учествува на 75-от избор за Мис Универзум во Порторико. Таа и неколку други африкански натпреварувачки би можеле да го пропуштат натпреварот поради проблеми со добивањето визи за САД. Финалето е закажано за 24 ноември, а натпреварувачките почнаа да пристигнуваат во Порторико на 8 ноември за да се подготват за изборот. Во видео објавено на Инстаграм, Хол потврди дека сè уште не знае дали ќе може да патува во Порторико, кој е територија на САД. „Постојано се обидуваме да го решиме проблемот за добивање виза“, рече таа. Дотогаш, таа требаше да биде на пат. „Денес беше денот кога требаше да патувам во Порторико за 75-от избор за Мис Универзум“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Roseanna Hall (@the_goldenrose) Замбија ја повлекува својата претставничка Една натпреварувачка веќе е исклучена од натпреварот поради проблеми со американската виза. Замбија ја повлече својата претставничка, Памела Мубанга, поради ограничувањата за патување во САД. Организацијата „Мис Универзум Замбија“ во соопштението нагласи дека причината не е нејзиното лично недолично однесување или проблем со нејзината документација. „Визата не е одбиена од лични причини, проблеми со документацијата или организациски пропусти. Случајот на Памела Мубанга е поврзан со претседателските ограничувања за патување во САД што важат за Замбија и други африкански земји“, се вели во соопштението. Мубанга има 25 години, медицинска сестра по професија, и беше крунисана за Мис Универзум Замбија на 8 октомври. Ограничувања за патување во САД Според Би-Би-Си, Зимбабве е меѓу земјите погодени од ограничувањата за патување во САД наметнати со Претседателскиот проглас 10998, кој стапи на сила на 1 јануари 2026 година. Ограничувањата важат за издавање одредени категории визи, вклучувајќи туристички, студентски, имигрантски и визи за размена. Правилата варираат во зависност од земјата и категоријата на виза. View this post on Instagram A post shared by Official page for all Big Five Zambia pageants (@thebigfivepageantszambia) Сè уште се надева дека ќе оди на натпреварот Розана Хол ги помина изминатите неколку недели во Јужна Африка обидувајќи се да добие виза. Таа вели дека не е сама во својата борба. „Неколку од моите африкански колешки имаат ист проблем и целосно ги разбирам како се чувствуваат“, рече таа. Организацијата „Мис Универзум Замбија“ потврди дека претставници од пет други африкански земји се соочуваат со слични тешкотии, но не откри кои се тие. Претставничката од Јужен Судан исто така не е сигурна дали ќе може да се натпреварува. Во коментар под видеото, Розан Хол напиша: „Имаме 50 проценти шанси, Мис Универзум“. Хол објави уште едно видео три дена претходно во кое рече дека не се откажува од натпреварувањето. „Сè уште се бориме Зимбабве да оди во Порторико“, напиша таа. Финалето на Мис Универзум е закажано да се одржи на 24 ноември во Колосеумот Хозе Мигел Агрелот во Сан Хуан.Тагови: Мис Универзум американска виза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter