3Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби
КултураКанческа Милевска: До крајот на следната година ќе се обноват конаците на ТрескавецМинистерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска ги посети прилепскиот „Завод и Музеј“ и манастирот Трескавец при што се информираше за текот на повеќе проекти, меѓу кои за зафатот со покривната конструкција на Музејот и обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец.Според Канческа Милевска, во Прилеп се одвиваат голем број капитални проекти за заштита на културното наследство. - Разговаравме за големиот број проекти кои се од капитално значење за заштитата на културното наследство, зашто Прилепскиот музеј работи на повеќе значајни проекти, вклучувајќи го и „Македониумот“ како споменик на културата во Крушево. Таму е избран изведувач кој интензивно работи на екстериерното и на интериерното уредување на Македониумот, рече Канческа Милевска. Во музејот, потенцира, се работи на два значајни проекта: конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ кај манастирскиот комплекс Зрзе, како и на фрескоживописот на манастирскиот комплекс „Свети Никола“ во Мариово. - Целосно е завршен проектот за комплетната реконструкција на покривната конструкција на „Завод и Музеј“ Прилеп. Тоа е ново препокривање со хидро изолација, со сите придружни елементи каде е сместен музејот, каде е и новата археолошка поставка, а етнолошката поставка ќе биде промовирана в година. Во музејот е објавен тендер за избор на фирма која ќе го уредува лапидариумот во централниот дел на музејот, изјави Канческа Милеска. При посетатата на манастирот Трескавец министерката за култура најави дека до крајот на следната година ќе заврши проектот за обнова на конаците. - Динамиката е во нагорна линија. Се планира до крајот на ноември градбата да дојде до затворена карабина и согласно рокот, до крајот на следната година да заврши овој проект вреден 1. 640 000 евра, а тоа е целата реконструкција на конаците на Трескавец. Паралелно се работи на изработката на проектите за црквата, магерницата и за трпезаријата. Тие се во завршна фаза, а потоа, надлежната институција ќе објави тендер. Во меѓувреме во Трескавец се работи на археолошки истражувања, рече Канческа Милеска. Многу е значајно, посочи, што во Прилеп се реализирани повеќе проекти, а ќе се разгледуваат и новите за 2017 година. - Целосно е завршена реконструкцијата на манастирскиот комплекс Зрзе, завршена е изградбата на источниот конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош, обновени се повеќе фасади на староградски куќи, реконструирана е салата во Центарот за култура „Марко Цепенков“, се отвори киното „Мис Стон“. Ние продолжуваме со нашата динамика и со проектите. Во Министерството веќе е формирана комисијата која ќе ги разгледува новите проекти за идната 2017 година кои пристигнаа во септември и се надевам дека се што е предложено од надлежните институции ќе биде и прифатено, рече министерката за култура. Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески Прилеп, прерасна во еден од водечките градови во Македонија по културната туристичка понуда. - Се надевам дека наскоро ќе заврши проектот за реконструкција на конаците што го спроведува Министерството за култура и манастирот Трескавец ќе може да ги прими сите посетители и туристи кои сакаат да дојдат и да го посетат овој култен манастир не само во Прилеп, туку и во Македонија. Со сите овие капитални проекти, реализирани со Министерството и во соработка со локалната самоуправа, Прилеп се воздигна во еден од најинтересните градови за посета на туристите и се развива културниот туризам, изјави Ристевски. Сопственикот на фирмата „Кото“ од Србија, изведувач на работите на Трескавец, Никола Ѓулизибариќ, вели дека ќе се запазат роковите за работа. - Работиме со полна пареа. Имаме работници од Србија. Ќе го испочитуваме рокот. Ќе работиме додека времето не служи, посочи Ѓулизибариќ. За отец Калист, единствениот жител на Трескавец, голема радост е што интензивно се работи за обнова на манастирот. - Овде навистина се работи интензивно и ќе бидеме среќни кога ќе се обноват конаците, а и ќе се реставрира и ќе се заштити и црквата „Успение на пресвета Богородица“ зашто е дел од богатото културно наследство и е многу значајна, наведе отец Калист.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОпштина Аеродром продолжува со ослободување на јавните паркинзи од хаварисани и отпадни возилаОпштина Аеродром продолжува со конкретни активности за ослободување на јавните паркинзи и воспоставување комунален ред. По претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, општинскиот Инспекторат активно ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места и простор за граѓаните. Активностите опфаќаат и возила нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавни паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно со законските прописи. Општина Аеродром ги повикува сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период зафаќаат јавен простор. Повеќе слободни паркинг-места, повеќе ред и почист Аеродром. Општината продолжува со доследни контроли и спроведување на мерките на целата територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветДмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу ДабиРускиот функционер Кирил Дмитриев го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека им се спротивставува на мировните иницијативи на Доналд Трамп.Украинскиот претседател Володимир Зеленски отсекогаш бил против мировниот договор и против американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ). Зеленски отсекогаш бил против Трамп и против светот, и така и постапувал, напиша Дмитријев на социјалната мрежа „Икс“ (X), пренесува агенцијата „Тачно“. Тој, исто така, изрази уверување дека мировните иницијативи на американскиот претседател ќе бидат успешни, и покрај отпорот од страна на Киев. Вака Дмитриев го прокоментира објавувањето на интервјуто на Зеленски за Си-Ен-Ен (CNN), во кое тој наводно зборувал за опасноста од идејата на пратеникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, Русија да се вклучи во дискусиите за идната европска безбедносна архитектура, пренесува „РИА Новости“. Кушнер, по консултациите во Брисел, претходно најави дека Соединетите Држави имаат намера да ја вклучат Русија во преговорите за формирање нова безбедносна архитектура во Европа, како дел од решавањето на украинскиот конфликт. Следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Држави и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека страните имаат намера да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решение. Кремљ го потврди учеството на руската делегација во преговорите, која ќе биде предводена од помошникот на претседателот, Владимир Медински.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook