Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
1Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
КултураКанцеларијата на премиерот Заев распиша конкурс за детски раскази и песни за публикацијата „Моето патување во Фантазија"Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија распишува конкурс за избор на раскази и песни за публикација на детската книга „Моето патување во Фантазија". Темата произлегува од предновогодишниот настан „Писмо од Фантазија" на кој, при дружењето на премиерот Заев со ученици, беше презентирана бајка, дизајнирана и напишана на начин кој ја стимулира детската имагинација и креативност во педагошки и пошироки цели, како поттик децата да читаат книги, соопшти владината прес-служба. Во „Писмото од Фантазија", се раскажува за земјата Фантазија во која живеат најдобрите другарчиња на децата – Петар Пан, Зоки Поки, Златокоса, Пепелашка, Доктор Офболи, мечето Вини Пу и многу други, на кои им се заканува опасност од исчезнување ако децата не читаат книги и ако не се дружат со нив. Опасноста доаѓа од Големиот црн змеј, кој се вика „НИШТО", и доаѓа по главните јунаци, кои можат да бидат спасени од децата, кои имаат љубов кон пишаниот збор и сакаат да читаа книги. Конкурсот, наречен „Моето патување во Фантазија" ги поттикнува децата да напишат расказ или песничка во која раскажуваат за нивните авантури во земјата Фантазија и како со своите дела, читањето и љубовта кон книгите им помагаат на хероите и јунаците во борбата за спас на земјата Фантазија, со што нема да се дозволи исчезнување на нивните херои од приказните. Песничките и расказите ќе ги разгледува седумчлена Комисија составена од четворица реномирани детски писатели, по еден претставник од Министерството за образование и наука и Министерството за култура и претставник од Владата на Република Северна Македонија, како претседател на Комисијата и уредник на изданието. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од II, III и IV одделение од јавните и приватните училишта во земјата. Секој ученик има право да пријави само еден расказ или една песничка. Авторските дела (раскази или песни) на учениците, се доставуваат до нивните одделенски наставници/наставнички, како нивни ментори, во дигитална форма (ворд документ), на мајчиниот или на кој било друг јазик на кој учениците најкреативно се изразуваат. Расказите, треба да се во формат соодветен за рани читатели (до 500 зборови), додека песничките до четири (4) строфи. Насловот на „ворд" документот треба да го содржи името на песничката/расказот, додека на самиот документ под делото треба да стои име и презиме на ученикот/ученичката што го има напишано, име и презиме на менторот/менторката, телефон и е-пошта на менторот/менторката. Одделенски наставници/наставнички сите собрани раскази или песнички треба да ги испратат по пат на официјална е-пошта на своите раководители на училиштата најдоцна до 9 јуни 2019 година, до 12:00 часот. Раководителите на училиштата добиените песнички и раскази, преку официјалните е-пошти ги испраќаат на [email protected] најдоцна до 10 јуни 2019 година, до 18:00 часот. Сите електронски пораки кои ќе пристигнат по овој рок ќе се сметаат за некомплетни и нема да се земат предвид. За дополнителни прашања или информации, заинтересираните можат да напишат на: [email protected] По завршувањето на роковите, Комисијата ќе ги разгледа делата и ќе донесе одлука кои раскази и песни ќе станат дел од печатена публикација и тоа заклучно со 30 август 2019 година, додека резултатите од избраните раскази и песни јавно ќе се објават во септември 2019 година. Избраните дела ќе бидат објавени во публикацијата „Моето патување во Фантазија"., која ќе се печати во тираж и ќе биде промовирана на предновогодишен настан во декември 2019 година, а потоа донирана за збогатување на библиотечниот фонд во сите основни училишта и градски библиотеки ширум земјата. Повеќе детали за конкурсот се достапни на: vlada.mk/detski-konkurs Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со ВучиќПадот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ. Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции. Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови. Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки. Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ. Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ. Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија. Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ. И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива. Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПримирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуацијаВо украинскиот град Олешки,кој е под руска окупација, започна примирје за хуманитарна помош.Прекинот на огнот треба да овозможи снабдување со залихи и евакуација на цивилите.Примирјето беше најавено минатата недела од првата дама на САД, Меланија Трамп. Руското министерство за одбрана соопшти дека престанало да пука кон Херсон.Украинскиот комесар за човекови права, потврди дека примирјето започнало.Тој нагласи дека украинската страна ги почитува преземените обврски.олешки беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, на почетокот на инвазијата.пред војната, градот имал околу 24.000 жители. Според украинските проценки, во градот и околината сè уште живеат околу 6.000 луѓе.меѓу нив има и околу 200 деца, кои се соочуваат со тешки хуманитарни услови.жителите имаат сериозен недостиг од храна и други основни потреби.белата куќа соопшти дека Меланија Трамп посредувала за примирјето со цел да им се помогне на цивилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 годинаИзраелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот. Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада. Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook