Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност
ЛДП: Македонија доживеа поразителен дебакл од 0:5 против Молдавија и Романија во соработката со Индија
1Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност
2ЛДП: Македонија доживеа поразителен дебакл од 0:5 против Молдавија и Романија во соработката со Индија
Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
1Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
ФудбалКанаваро со својот тренерски штаб пристигна во УзбекистанПоранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Фабио Канаваро, пристигна во Ташкент, Узбекистан, со својот тренерски штаб, соопшти прес-службата на Фудбалската асоцијација на Узбекистан (УФА).Пред два дена Канаваро беше назначен за селектор на Узбекистан. Тој треба да ја предводи репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година. Последната тренерска позиција на Канаваро беше во Динамо Загреб, која ја напушти во април 2025 година. Тој исто така ги тренираше Удинезе, Беневенто, кинеските клубови Гуангжу и Тјанџин, како и Ал-Наср од Саудиска Арабија. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година. Узбекистан ќе учествува на Светско првенство за прв пат во својата историја. /МИАТагови: Канаваро Узбекистан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп.„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со одговорност и резултати. „Граѓаните премногу долго слушаа ветувања, а премалку гледаа промени. Денес Македонија има потреба од политика која не бара изговори, туку презема одговорност и решава проблеми. Тоа е политиката на ЗНАМ, работа, ред и резултати“ истакна Димитриевски. Тој посочи дека влегувањето на ЗНАМ во институциите не било само политичка одлука, туку преземање обврска пред граѓаните да се менуваат работите кои со години стоеле нерешени. „Нашата цел не е да бидеме дел од системот заради функција. Нашата цел е системот да го направиме подобар за секој човек. Држава има смисла само ако граѓанинот ја чувствува, преку подобри услуги, правда, економски можности и сигурна иднина“ порача лидерот на ЗНАМ. Во рамки на панел-дискусијата беа отворени теми од клучно значење за развојот на државата, реформите во правосудството, јакнењето на институциите, економскиот напредок и поддршката за земјоделците. Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, зборуваше за значењето на владеењето на правото, демократските институции и современото законодавство како основа на европската иднина на Македонија. Таа оцени дека блокирањето на новиот Изборен законик претставува обид да се спречат реформите и имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски интереси кога станува збор за европските стандарди и фер изборниот процес. Потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, ги претстави политиките за унапредување на земјоделството, подобрување на условите за производителите и развој на руралните средини. Патот кон европска Македонија се гради со доверба, работа и заедничка визија. Караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ градовите, со една јасна порака, Македонија има иднина кога политиката е во служба на граѓаните,с е наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Македонија доживеа поразителен дебакл од 0:5 против Молдавија и Романија во соработката со ИндијаЛиберално-демократската партија (ЛДП) ја објави официјалната секторска споредба од ефектите од регионалната турнеја на индиската претседателка. Бројките се сурови и црно на бело ја покажуваат катастрофалната разлика меѓу дипломатија што носи пари за домашниот бизнис и дипломатијата заснована за сликање на социјалните мрежи. Билансот за Македонија е поразителен: 0 потпишани договори, 0 правни олеснувања и 0 нови пазари! Додека Молдавија и Романија остварија максимален резултат од 5 од 5 конкретни договори во сите клучни сектори, македонската делегација забележа чиста нула и нула акциски план. Споредбениот биланс по сектори го открива целиот аматеризам на македонските функционери: Правни договори: Молдавија и Романија потпишаа конкретни меморандуми за соработка. Македонија не потпиша ништо, а единствениот физички чин беше откривање на донирана биста! Фармација и здравство: Кишињев и Букурешт договорија олеснети процедури за увоз на лекови и заеднички истражувачки проекти. Македонија остана на флоскулата „општа желба за инвестирање“. Земјоделие и трговија: Молдавија договори конкретен извоз на вино и агро-технологија, а Романија го позиционираше пристаништето Констанца како главна порта за индиските стоки. Македонија најавува бајки за 400 милиони долари трговска размена – без ниту еден карго-лет, без транспортни рути и без идеја како да го оствари тоа! ИТ сектор: Молдавија ја интегрираше Индија во нивните технолошки паркови, а Романија договори сајбер-безбедност. Македонија си игра со зборови за вештачка интелигенција без никаква агенда. Визи и инфраструктура: Молдавија веднаш формираше работни групи за олеснување на визите за деловни луѓе. Македонија си остана на истиот застарен и строг визен режим без какви било иницијативи за промена. Овој споредбен фијаско-пораз покажува дека македонските институции или не знаат, или не сакаат да работат во интерес на домашната економија. Жално е што неспособноста наместо да се надомести со соработка и поддршка од дома за совет или идеја, се манифестира со порази за Македонија и за стандардот на македонските граѓани. Барем може да се отиде да се научи нешто во Кишинев или во Букурешт како се води економска дипломатија и да се дојде назад дома со направен реален акциски план за Македонија. На македонскиот бизнис му требаат резултати и пари, а не трошоци за службени ручеци, вечери и пропуштени шанси. Секретаријат за меѓународна соработка на ЛДП Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Притвор за службеникот во Центарот за вработување во Прилеп- примил поткуп од 300 евраОсновното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување– Центар за вработување Прилеп, побарал и примил поткуп во вкупен износ од 18.000 денари од лице од селото Бело Поле, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши. Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС порака од Агенцијата за да се јават на обука за работа, осомничениот му рекол на оштетениот дека доколку ја одбие обуката ќе му ја укинат социјалната помош. За тоа да не се случи, побарал од оштетениот да му дава половина од социјалниот надоместок – паричен износ по 6.000 денари. Исто така осомничениот му ветил дека ќе ја евидентира неговата сопруга во електронскиот систем на Агенцијата како активен барател на работа, иако таа немала контролен картон и не го доставувала во Центарот на увид. Следниот ден, оштетениот во канцеларијата му однел 4.000 денари, а потоа уште 2.000 денари и продолжил месечно да го исплаќа. При предавањето на последниот износ од 6.000 денари на 24 јули, полициски службеници ги пронашле и одзеле банкнотите од осомничениот, а тој веднаш бил приведен. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од ОЈО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00