Канал 5 ТВ поднесе кривична пријава против ова лице! На потег е МВР!

Ова лице, заедно со уште една група други лица одреден период на нашиот FB профил постира коментари со говор на омраза упатени до нашата ТВ куќа. Очекуваме МВР енергично да реагира!

Од денес, нашата компанија ќе почне да поднесува одделни кривични пријави против секој оној кој ќе ја злоупотреби слободата на јавниот простор - Facebook ( социјалните мрежи не се медиуми ) и ќе постира коментари кои ќе содржат сериозен говор на омраза.

Очекуваме МВР да го повика лицето Кристијан Павловски и да поднесе соодветен поднесок до ОЈО, со цел да се намалат ваквите девијантни злопотреби на социјалните мрежи и портали кои предизвикуваат немир и нелагодност во тимот на Канал 5 ТВ.

Свесни за сериозниот политичко - општествен моментум, немаме намера да го ја елиминаре слободата на говор, напротив, ќе ја надградиме, но таа слобода никако не смее да биде поле за лечење на нечии болни фрустрации кои ќе бидат артикулирани преку нивни коментари полни со говор на омраза и ксенофобија.

Истовремено, ја повикуваме и агенцијата за медиуми АВМУ, како и политичките партии кои учествуваат во нашите дебатни емисии, како што е нашата најгледана дмисија САМО ВИСТИНА, да го осудат овој говор на омраза и да работат на намалување на негативната енергија кај дел од своите поддржувачи, која се пресликува и на нашата FB страна

Канал 5 ТВ

Орбан разговараше со Мелони и Моравјецки во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со која разговараше за резултатите од изборите за Европскиот парламент, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваши.

Хаваши рече дека Орбан и Мелони разговарале и за прашањата кои се однесуваат на европската десница и за задачите кои се пред Европскиот совет, кој ги собира лидерите на ЕУ, како и за претстојното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ, пренесува МТИ.

„Орбан во Брисел разговараше и со поранешниот премиер на Полска, Матеуш Моравјецки за обединување на европската десница“, додаде Хаваши.

Заев: Со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц

Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името, објави на својот профил на фејсбук Зоран Заев. 

Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот.

Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови.

Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме, стои во објавата на екс премиерто Зоран заев на фејсбук.

Роналдо е амбициозен да игра на Светското првенство во 2026 година

 Кристијано Роналдо има намера да игра и на Светското првенство во 2026 година, објави во понеделникот „Релево“.

39-годишниот напаѓач на Португалија планира да продолжи да настапува на највисоко можно ниво и дава најава за следното Светско првенство. Турнирот во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Кристијано Роналдо во моментов се подготвува со селекцијата на Португалија за ЕП 2024. Иберијците во првиот натпревар од групната фаза на турнирот во Германија ќе се соочат со Чешка.

Напаѓачот оваа сезона постигна 35 гола и даде 11 асистенции на 31 натпревар за Ал-Наср во лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо со португалскиот тим стана европски шампион во 2016 година. До денес, стрелецот учествувал и се пријавил на пет последователни Светски првенства, а своето деби на Светското првенство го имаше во 2006 година.

притисни ентер