ЖивотКанал 5 репортажа во Воспитно поправниот дом - ВолковијаИсповед на 18 годишник кој полнолетството го дочекал во Воспитно Поправниот дом за малолетници во Тетово. Добрата вест за него е дека добил пресуда по три години поминати во овој дом заминува. Со години имал укори, разговори во полиција за кражби, за физички пресметки. За да на крај сите овие укори без никаков ефект за судијата биле причина да донесе пресуда тогаш скоро 15 годишниот престапник да оди во поправен дом. „Ништо не чуствував, дојдов овде и сфатив дека тоа што сум правел е погрешно. Како ме донесоа овде имав воспитувачи. Мораш да се приглагодиш со редовно чистење, стануваш од сабајле. Лична хигиена. Никој да не го прави тоа што го правевме ние да не крадат да не се тепаат да не бегаат од дома. За понатака сакам да создадам семејство куќата да си ја направиме“. -изјава штитеник Воспитно поправен дом Тетово. 18 штитеници се во овој дом. Ова не е затвор за малолетници. Затворот за малолетници е во Охрид. Но, тука има строги правила на влегување, излегување и голема дисциплина. Директорот на домот Даниел Антоски вели дека на пријавени многу случаи на насилство со физички пресметки во државава имаат ниска бројка на деца во овој дом. Пред да се добие воспитна мерка за престој во овој дом малолетникот треба да има подебело досие со претходни мерки на укор надгледување врз малолетник. Според Антоски може на сериозни прекршоци физички пресметки треба да има мерка за одлежување на мерка во овој дом. Според него во училиштата треба да има повеќе стручен кадар писхолози социјолози дури и воведување на часови за подобрување на менталното здравје. Во овој дом доаѓаат деца од различни социјални семејства најчесто тоа се со лош социјален статус, но има и деца кои имаат добар социјален статус но ударите и физичките пресметки им биле секојдневие. Во овој дом се е организирано војнички од станување хигиена, работа, учење, оброци. Образованието го добиваат најчесто во занаетчиските смерови готвење, шишање, молерство за што добиваат и дипломи. Тие изработуваат пластични завеси. Вработените во домот велат дека дел од нив прв пат учат да пишуваат на 12 години, прв пат гледаат прибор за хигиена за заби, а дел од нив прв спијат во кревет. Некои биле со семејство други не. Антоски со апел дека и родителите на децата треба да бидат ставени во систем каде ќе се помогне причината за насислтвото кај неговото дете. Но најчесто родителите причината ја гледаат надвор, а не во домот за проблемот со насилство. Во секоја зграда има соби каде се сместени по двајца штитеници. За секој јазик и релгија има книга. За православните црква, а за муслиманите соба за молење. Она што е најважно е од тука да заминат со лекцијата дека слободата е најважна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЕва Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жениПо повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло. Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.Тагови: Ева Лонгорија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРијана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум. Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече: „Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“ Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain. Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил: „Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“ Потоа додаде: „Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“ Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече: „Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“ Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува: „Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“ Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете. Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
ТехнологијаБезос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината. „Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“. „Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос. "The Moon is a gift." @JeffBezos on building a Moon base: "NASA is really focused on the Moon now." "I've been focused on the Moon for a really long time and have been saying, 'Let's do the Moon and then do Mars.'" "It's kind of step by step, but do the Moon first." Via @CNBC @andrewrsorkin @blueorigin @NASAMoonBase — Jawwwn (@jawwwn_) October 8, 2026 Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“. „Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос. Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс. Извор: Б92Тагови: месечината Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook