Веб ТВКанал 5 и Македонија за Кочани 27.03.2025 - Гордана Сиљановска Давкова - дел 2Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако бугарски пратеници со судска забрана влегоа во Македонија?Министерството за внатрешни работи сè уште проверува како и на кој начин, и покрај важечката судска забрана за влез во државата, бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев.Министерството за внатрешни работи сè уште проверува како и на кој начин, и покрај важечката судска забрана за влез во државата, бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев од крајно десничарската партија „Преродба“ минатата недела присуствувале на судење во Кочани за смртниот случај во сообраќајната несреќа на 23-годишната Ива Михајлова, кочанчанка со македонско и бугарско државјанство. Од МВР велат дека случајот се истражува и дека се проверува дали имало пропуст кај граничната полиција и на кој начин овие бугарски пратеници успеале да влезат во државата, иако од август минатата година имаат забрана за влез во Македонија, која произлегува од пресуда на Основниот суд во Битола. „Доколку се утврдат евентуални пропусти или незаконито постапување од страна на службени лица, МВР ќе постапи согласно законските овластувања и ќе ги преземе сите соодветни мерки и дејствија, вклучително и поведување на соодветни постапки“, велат од МВР. И двајцата пратеници се опфатени со пресудата на Основниот суд во Битола со ознака ПРК-О-263/25, со која на вкупно 27 лица, сите пратеници на бугарската партија „Преродба“, им се забранува влез во Македонија, бидејќи лани во јуни нелегално ја преминале македонско-грчката граница и илегално престојувале повеќе денови. Врачев и Георгиев, како и целата група чии фотографии беа објавени на Фејсбук, биле осудени на 8 август минатата година, а покрај едногодишната забрана за влез во Македонија добиле и прекршочна казна од 50 до 230 евра. Сепак, од битолскиот суд поради недостапност на лицата за односи со јавноста, не успеавме да добиеме појаснување дали забраната за влез на бугарските пратеници важи од моментот на сторувањето на прекршокот или од моментот на донесувањето на пресудата. бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев, со објавени фотографии на Фејсбук потврдија дека биле во судницата во Кочани а присуството го искористија за критики кон правосудниот систем во земјава и упатија порака до Европската Унија дека, според нив, македонската држава малтретира девојка што се самоидентификува како Бугарка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ обвинува дека владата подготвува терен за прифаќање на европскиот предлогДипломатските разговори „под радарот“ за деблокада на евроинтеграциите нов повод за политичка кавга. Повикувајќи се на информации од Брисел, опозициската СДСМ тврди дека власта води тајни преговори и подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, а за тоа велат сега се прави и стратегија како да соопштат пред јавноста. Според секретарот за меѓународна соработка на партијата Андреј Жерновски, ова било пресврт во дипломатијата и доказ дека СДСМ донела правилни одлуки кога од позиција на власт одлучуваа за европскиот пат на Македонија. -Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму. Се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера за нив беше лага и велепредавство,- Андреј Жерновски – секретар за меѓународна соработка на СДСМ. МНР демантира- велат СДСМ пласира груби невистини и конструкции. Објаснуваат дека не се работи за тајни преговори туку комуникација на повеќе нивоа за која јавноста е во тек. Потенцираат дека се е транспарентно без отстапки од црвените линии, и ги критикуваат опозиционерите дека се додворуваат на соседни политичари наместо да ги бранат интересите на сопствената држава. -Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста. Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена. Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада,- Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и во последното интервју за МИА кажа дека доколку се споделуваат деталите, разговорите се осудуваат на неуспех. Тој уверува дека се работи на трајно и одржливо решение, а не решение по секоја цена. Се барало начин како да се елиминира ризикот од нови блокади во иднина и „статус кво“ поради идентитетски прашања. Муцунски оцени дека е добро тоа што европските институции повторно давале значење на проширувањето, а сите актуелни нон пејпери вели имаат заедничка цел- постепена интеграција без откажување од крајната цел, полноправно членство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Влада набави вода за Гостивар за 100 илјади евра преку итна постапка без огласОколу 100 илјади евра потрошила Владата преку Службата за општи и заеднички работи за набавка на вода за пиење за населението во Гостивар. Шише вода од 1,5 литри ,кое во малопродажба се продава за околу 25 денари, преку набавката било обезбедено за 12,5 денари. Договорот со компанијата „Кожувчанка“ е склучен по постапка со преговарање без претходно објавување оглас, со образложение дека станува збор за крајна итност поради кризата со водоснабдувањето. -Точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“ .Компанијата учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба. Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината,- Влада. Од компанијата дополнително појаснуваат дека разликата меѓу редовната продажна цена и понудената цена од 12,5 денари ја преземаат на свој товар, како општествено одговорен придонес. Велат дека водата ќе биде бесплатно транспортирана до Општина Гостивар, со цел навремена помош за граѓаните. Соопштенијата на Владата и на компанијата Кожувчанка дојдоа како демант на претходните обвувања од СДСМ за можен судир на интереси поради изборот на компанијата и начинот на кој е спроведена постапката, посочувајќи дека според достапните информации компанијата е во сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ ја користи кризата со водата во Гостивар за добивање политички поени. -И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети. Бизнис зделка од 100 илјади евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис,- Симона Цветановски – СДСМ. -Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Наместо политички театар, СДС и Филипче треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце,- Валентин Манасиевски – ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, водата во Гостивар и натаму е само за техничка употреба и не е безбедна за пиење. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли се додека не се добијат три последователни исправни анализи со кои ќе се потврди исправноста на водата. Детали од истрагата засега не откриваат од ОЈО, со образложение дека се преземаат повеќе истражни дејствија кои не може да бидат споделени во интерес на постапката. За тоа како општината се справува со состојбата, недостапен на телефонските повици и пораки остана и градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter