Канал 5 дознава: Уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро - Канал 5

Канал 5 дознава: Уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири.

Канал 5 дознава: Уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство .

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото.

На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест.

Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци

Околу три четвртини од Словенците имаат тридневна залиха од храна и пијалоци дома во случај на вонредна состојба, според анкетата на Националниот институт за јавно здравје на Словенија (NIJZ).

Подготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци

Во онлајн анкетата, спроведена во септември како дел од студијата SI-PANDA, учествувале 1.502 возрасни лица на возраст од 18 до 74 години, објави денес RTV SLO.

Резултатите покажаа дека девет од 10 испитаници имаат батериска ламба или свеќи дома, како и комплет за прва помош.

Околу 61 процент од испитаниците имаат залиха од заштитни маски, средства за дезинфекција или сапун, додека 42 проценти имаат копии од најважните документи или пристап до нивните дигитални верзии.

41 процент од испитаниците поседуваат радио на батерии.

Сепак, помалку од 40 проценти од жителите имаат тридневна залиха од вода за готвење и лична хигиена, или најмалку три литри по лице дневно.

Околу 20 проценти од испитаниците имаат план за евакуација, додека само 15 проценти се договориле со семејството и пријателите за тоа како да се контактираат едни со други во случај на несреќа или вонредна состојба.

Само околу 10 проценти имаат подготвена торба или ранец со најпотребните работи за брзо да го напуштат домот.

Анкетата, исто така, покажа дека жителите на руралните средини се генерално подобро подготвени за вонредни ситуации од оние во градовите.

Исклучок се копиите од најважните документи, кои се почести кај жителите на урбаните средини.

NIJZ потсети дека во последните години Словенија се соочи со бури, поплави и други катастрофи кои влијаеле на секојдневниот живот на населението, но дека вонредните состојби можат да се појават и поради социјални и технолошки настани.

Институтот ја нагласи важноста на планирањето, меѓусебната помош и подготовката на основните залихи, особено во случај на привремени прекини во снабдувањето со вода, електрична енергија, греење или храна.

Европската комисија неодамна објави упатства за зајакнување на подготвеноста на населението, кои, меѓу другото, препорачуваат поединците и домаќинствата да бидат самоодржливи најмалку 72 часа во случај на прекини во снабдувањето или функционирањето на јавните услуги.

Меѓу препораките е подготовка на торба или ранец со најпотребните работи во случај на итна евакуација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе паѓа снег со температури од минус 3 до 6 степени

Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, информираат од УХМР. 

Утре ќе паѓа снег со температури од минус 3 до 6 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

2 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 5 Лазарополе, Крушево, Тетово, 6 Скопје – Зајчев Рид, Штип, 7 Велес, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Кавадарци, Берово, Претор, 9 Битола, Виница, Демир Капија, 10 Скопје Петровец, 11 Струмица, 12 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

14 Струмица, 11 Берово, 10 Охрид, Претор, Демир Капија, 9 Крива Паланка, 8 Пожаране, Виница, 7 Попова Шапка, Битола, 6 Тетово, 5 Маврови Анови, Крушево, 4 Велес, Штип, Лазарополе, Зајчев Рид, 3 Прилеп, Гевгелија, Тополчани, 1 Кавадарци.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот врнежите ќе продолжат, а во текот на ноќта најпрво во западните делови ќе преминуваат во врнежи од снег.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 2 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во новата работна седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата. Наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер