„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
2„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаКанал 5 дознава: Орце Камчев и Цветан Панделески до судот доставиле барање за нов времен пасошПрвоосомничениот во случајот Империја, бизнисменот Орце Камчев, повторно побарал времен пасош, дознава Канал 5 ТВ. Барањето до скопскиот Кривичен суд го доставил во петок. Но за тоа мислење ќе треба да даде и обвинителството. Освен Камчев, нов времен пасош побарал и Цветан Панделевски кој исто така е еден од осомничените во случајот. Од Кривичниот суд велат дека доколку има некоја одлука ќе ја известат јавноста.Информацијата ја потврдија од Обвинителството од каде велат: „Надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот прими допис од судот со кој е препратен предлог – да се даде дозвола за издавање нова временска патна исправа. Обвинителот го разгледува барањето.“ Претходно Камчев иако бараше за осум, судот му даде времен пасош во траење од шест месеци а кој истекува во петок. Тогаш позитивното мислење го потпиша екс шефицата на СЈО Катица Јанева. Сега истрагата за Империја е во рацете на Лиле Стефанова, која предметот го застапува како обвинител од Обвинителството за организиран криминал и корупција па таа ќе треба да даде мислење на барањето на Камчев, но и на Панделевски. Обвинителката Стефанова неодамна обелодени дека тогаш се противела на одлуката на нејзината некогашна шефица да одобри издавање на времен пасош за Камчев. Во меѓувреме истрагата за случајот Империја која се води против уште 12 лица за перење пари а според проценките ја оштетиле државата за над 10 милиони евра, Стефанова ја почна од почеток откако предметот од СЈО премина во Организиран криминал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено лице во Радовиш, при претрес пронајдена марихуанаПо целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера (11.09.2026) во 19:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.А.(28) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот законик. Врз основа на наредба од Основниот суд Радовиш, извршен е претрес во домот и други простории што ги користи лицето во Радовиш, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“Наскоро ќе можете да го видите статусот на батеријата на сите поврзани уреди директно на заклучениот екран и на таблата со виџети (Widgets Board).Се чини дека „Microsoft“ работи на нов, корисен виџет за „Windows 11“ кој ќе го прикажува статусот на батеријата на вашиот уред, како и на сите безжични периферни уреди поврзани со вашиот компјутер. Спомнувања за овој виџет првпат беа забележани на „Discord“, во најновите пробни верзии (preview builds) на „Windows 11“, иако сè уште не изгледа дека е целосно функционален. Новиот виџет за батерија ќе биде достапен на таблата со виџети во „Windows 11“, а ќе може да се постави и на самиот заклучен екран. Иако сè уште не е во функција, кодот и графичките елементи се веќе присутни во најновите верзии на системот, откривајќи како ќе функционира виџетот и како всушност ќе изгледа. Виџетот поддржува и светли и темни режими на приказ и ќе ги прикажува уредите во вертикална листа, почнувајќи со батеријата на вашиот компјутер на самиот врв. Секој уред ќе има соодветна икона, заедно со неговото име и процентот на наполнетост на батеријата. Дополнително, виџетот ќе покажува кога уредот се полни и дали е вклучен или исклучен режимот за заштеда на енергија. Looks like Windows 11 is getting its own battery status widget soon, which will show an overview of batter levels across all your connected devices. Pretty neat! https://t.co/EceNiSU3yj pic.twitter.com/loyFi5iK7G — Zac Bowden (@zacbowden) September 7, 2026 Се разбира, другите платформи со години имаат некаква форма на виџет за батерија. И „Android“ и „iOS“ имаат виџети што го прикажуваат нивото на батеријата за поврзаните додатоци, а „Windows 11“ сега го надополнува тој јаз со воведување на истата функционалност. Новиот виџет за батерија ќе биде добредојдено дополнување на таблата со виџети – функција која многумина ја сметаа за главно бескорисна уште од нејзиното воведување во 2021 година. Иако некои апликации ја искористија, повеќето од нив не го сторија тоа. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски БродВо рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.Со почетокот на новата учебна година, полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера (11.09.2026) во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и во основното училиште „Кемал Ататурк“ во село Пласница реализираа превентивна активност во рамки на проектите „Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“. Во непосредна комуникација со учениците, полициските службеници ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, со посебен акцент на безбедното движење на релација од домот до училиштето и обратно. Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.Тагови: Македонски Брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook