МакедонијаКанал 5 дознава: Голема полициска акција во Струга, уапсени околу 20 лицаКанал 5 ТВ дознава дека се случува голема полициска акција во Струга, специјалците на МВР уапсија околу 20-тина лица од тој регион.Утринава се спроведува голема полициска акција во струга дознава Канал 5. Според информациите уапсени се околу 20-тина лица, според очевидци полициски екипи апсат осмничени за криминал во Струга, низ целиот град, некои од нив добро познати на стружани. Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПутин се согласи Европа да се приклучи на преговорите Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда преговори за завршување на војната во Украина.„Европејците ќе се приклучат на следниот состанок, кој го сметаме за исклучително важен момент бидејќи тие се наши партнери, а нивното учество е важно за нас“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Кремљ. Џаред Кушнер, кој заедно со Виткоф се сретна со рускиот претседател, му рече на Путин дека забележал „голема промена“ во ставот на европската страна и дека е убеден дека вклучувањето на европски претставници нема да го забави напредокот на преговорите. Путин: Европејците го прекинаа дијалогот Путин изјави дека никогаш не бил против дијалогот со Европа, тврдејќи дека европските земји ја прекинале комуникацијата со Москва. „Тие се оние што го прекинаа дијалогот со Руската Федерација“, рече Путин. „Многу би сакале вие, господа, и целата американска администрација да соработувате со вашите европски сојузници за конечно да одлучат дали сакаат мир или војна во Украина“, додаде рускиот претседател. Сепак, Путин предупреди дека европскиот план за испраќање војници во Украина по евентуален мировен договор веднаш ќе доведе до обнова на војната, бидејќи Русија би го сметала таквиот потег за закана за сопствената безбедност. Датумот и местото на следните преговори не се објавени Досега не е познато кој ќе ја претставува Европа во следната рунда преговори, а не се објавени ниту датумот ниту местото на нивното одржување. Соединетите Американски Држави и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат Европа да назначи претставник кој ќе преговара со Москва во нивно име. По средбата во Кремљ, се очекува Виткоф и Кушнер да отпатуваат во Даблин, каде што треба да го информираат Зеленски за денешните разговори со Путин.Тагови: Владимир Путин Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДва танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите. Чести напади Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите. Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Црна хроникаМВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешацитеВо текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава.Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, како и прекршоци на возачите во однос на пешаците. При контролата биле констатирани и санкционирани 221 прекршок, од кои 147 за небезбедно преминување на пешаци на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле санкционирани поради непропуштање пешаци на обележан пешачки премин. Дополнително, за време на контролата биле санкционирани и 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележан пешачки премин, а до возачите да ја приспособат брзината на движење и да им овозможат непречено и безбедно преминување на пешаците. Безбедноста на пешаците е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници можеме да придонесеме за побезбедни патишта и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter