ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?
1ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?
3Андоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓаните
3Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
МакедонијаКанал 5 доби благодарница од српската амбасадаПретставник на Канал 5 денеска на свеченост во српската амбасада во Скопје прими благодарница за известувањето и организацијата на отворена хуманитарна програма на која што граѓаните можеа да донираат помош за настраданите во катастрофалните поплави во Србија и Босна и Херцеговина.Амбасадорката на Србија Душанка Дивјак Томиќ денес во српската амбасада на педесетина граѓани, компании, институции, општини, медиуми, хуманитарни организации и други им додели благодарница во име на граѓаните кои што ја искажаат својата солидарност и пријателство кои што немаат цена. Вкупно половина милион евра собраа македонските граѓани и компании за жртвите во Србија и Црна Гора координирани од македонскиот црвен крст. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНејмар донесе одлука, не сака да се врати Поканата што Карло Анчелоти ја испрати до Нејмар да биде на списокот на играчи за Светското првенство предизвика голема врева, а сега еден од најголемите играчи на 21 век донесе одлука за неговото понатамошно учество во бразилската репрезентација.Со години, Нејмар не беше на нивото што го красеше пред седум или осум години. Повредите го уништија, но не е дека блескаше кога станува збор за посветеност на фудбалот и тренинзите. Карло Анчелоти, селекторот на бразилската репрезентација, во интервју за „CNN Brazil“ нагласи дека Нејмар донел одлука за продолжување на играњето за „Селесао“: - Неј заслужуваше да биде на последното Светско првенство поради своите квалитети, но веќе потврди дека не сака да се врати во репрезентацијата. Тој е незаменлив, беше исклучителен и уникатен талент - рече Анчелоти. Нејмар одигра 130 натпревари за бразилската репрезентација и постигна 80 гола.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?По апсењето на дело на помошник-директорот на Царинската управа, под сомнение дека примил 17.500 евра поткуп, во јавноста се појави нова информација која бара итен одговор од полицијата.Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути? Доколку е така, бараме МВР јавно да појасни: * Кој се наоѓал во тоа возило? * Зошто возилото на заменик-директорот на Царинската управа се наоѓало на местото и во моментот на апсењето? * Дали Мустафа Даути или лицата кои се наоѓале во неговото возило биле испрашувани? * Дали се истражува дали случајот со 17.500 евра е поврзан и со други лица во хиерархијата на Царинската управа? Кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него. МВР и Обвинителството имаат обврска да ѝ дадат на јавноста јасни и целосни одговори, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Маврови Анови, 24 Берово, Претор, Охрид, Прилеп, 25 Крива Паланка, 26 Битола, Виница, Тетово, 27 Штип, 28 Скопје Петровец, Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Велес, 29 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00