Канаѓанец онлајн им продавал отров на луѓе од 40 земји кои сакале да се самоубијат - Канал 5

Канаѓанец онлајн им продавал отров на луѓе од 40 земји кои сакале да се самоубијат

Покрената е истрага за смртта на 88 лица во Велика Британија кои купиле супстанции од канадски веб-страници за самоубиства.

Канаѓанец онлајн им продавал отров на луѓе од 40 земји кои сакале да се самоубијат

Истрагата е покрената откако Канаѓанецот Кенет Ло (57) бил уапсен во мај и обвинет во Онтарио по две точки за советување и помагање во самоубиство.

Полицијата верува дека Ло ја дистрибуирал и продавал супстанцијата преку Интернет за да таргетира поединци склони кон самоповредување. Оттогаш истрагата е проширена.

Сега британската Национална агенција за криминал (NCA) откри дека идентификувала 272 лица во Британија, кои купиле предмети од канадски веб-страници за овие две години до април 2023 година. Од тие 272- ца , 88 лица починале.

Портпаролот на NCA предупреди дека во оваа рана фаза од истрагата, не може да се потврди дека купувањата преку Интернет предизвикале смртни случаи. Но, тој додаде дека секоја смрт се истражува.

Регионалната полиција на Пил во Онтарио соопшти дека хемикалијата што се продавала преку Интернет е бела, кристална супстанција која понекогаш се користи во преработката на храна. Тие рекоа дека може да го намали нивото на кислород, да го отежне дишењето и може да доведе до смрт доколку се консумира во големи количини, пренесува Sky News.

Извештаите велат дека Ло е осомничен дека испратил 1.200 пакети на адреси во 40 земји, а полициските истраги се во тек и во САД, Италија, Австралија и Нов Зеланд.

„Изразуваме сочувство до семејствата чии најблиски загинаа. Тие се поддржани од специјално обучени службеници од полициските сили. Во договор со обвинителството, НЦА донесе одлука да спроведе истрага за кривични дела извршени во Британија. Операцијата е во тек“, изјави Крег Тарнер, заменик-шеф на NCA.

Следното појавување на Ло е закажано пред судот во Онтарио, според локалните медиуми, пишува Sky News.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Овој викенд- бесплатно кино на отворено во Драчево

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.

Овој викенд- бесплатно кино на отворено во Драчево

На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски:

На 08.08.2026 (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и Салаетин Билал.

На 09.08.2026 (недела), од 20 часот, на репертоарот е „Трето полувреме“, филм инспириран од вистински настани, со улогите на Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел и Раде Шербеџија.

Влезот за двете проекции е слободен.

Ги покануваме сите љубители на филмот да ни се придружат со своите семејства и пријатели на оваа викенд-дружба посветена на македонската кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога

Вчера Венко Филипче со панична прес-конференција од Ново Село сакаше да го сврти вниманието и да ги прикаже за жртви оние кои тој ги нарече деца. Всушност, вистината е сосема поинаква.

Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик.

Одиме со ред. Еве кои се „децата на Македонија“ според Филипче, со кои тој вчера се сликаше.

Ве поканувам заеднички да го проследиме видеото.

Почитувани,

Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, на кого му е поднесена кривична пријава врз основа на која е и осуден на година и пол условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица, ова е кривична пријава од 2024 година за којашто тој и Илија Стојанов се условно осудени на година и пол условна казна затвор.

Илија Стојанов, пак, освен што учествувал во тепањето на плоштадот заедно со внукот на Вице Заев, условно е и осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, а тоа е "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

Одиме понатаму, човекот до Филипче, организациониот секретар на СДС, Зоран Трифуновски, е лице кое, според јавно достапните информации, се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки, а токму Филипче го постави на висока партиска позиција. Инаку, тој бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а претходно, во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа.

Почитувани граѓани,

Вакви ликови како Трифуновски, или пак Ефтимов и Стојанов, на кои местото не им е во политиката, во името на СДС морализираат пред македонската јавност.

Ова ли се децата на Македонија според Филипче?

Не, токму ова е талогот на општеството.

Ова е срамот на Македонија. СДС, Филипче и неговите луѓе се срам за Македонија.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија

Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода.

СДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија

Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената.

И никој од власта не одговара!

Како е ова можно?

Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар.

И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста вода.

Сега ќе се чека до 20 август за да се соопштат резултатите од анализите на водата за пиење во Гостивар.

До тогаш граѓаните се оставени сами на себе, во неизвесност и страв за сопственото здравје. Во грч да не се појават нови болести, нови последици по нивното здравје.

Тврдеа дека водата е „технички исправна“, и тоа само затоа што Мицкоски рекол дека е исправна. Не анализите, туку Мицкоски.

Никогаш не беше објавен извештај, анализа на водата и потпис кој одобрил „техничка вода“

Министерот за полиција - Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и им порача на граѓаните да ја пуштат водата да истече од чешмите.

Директорот Стојанче Ангелов потврди дека има опасна бактерија во водата.

И додека народот страда, тендер-патриотите профитираат со бизнис зделки од 100.000 евра за вода во Гостивар.

Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.

Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа.

Тотален хаос и распад на институциите.

И одговорност мора да има!

Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш.

Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат!

Ова неодговорност и свесно загрозување на здравјето на граѓаните. Ова е свесно труење на народот!

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер