СветКанадскиот премиер Карни ја поздрави идејата неговата земја да стане придружна членка на ЕУКанада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ - громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент.Канада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ - громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент, откако вчера шефицата на Европската Комисија - Урсула Фон дер Лајен, ја покани неговата земја да стане првата официјална придружна членка - што практично претставува нов концепт без правен преседан во актите на ЕУ. Соработка во суштински области како критични метали, одбрана, технологија и енергетика, но не и нов светски ривалски блок со цел да доминира – прецизираше премиерот Карни. -Се отвора вратата за Канада да стане прва придружна членка на Европската Унија. Канада ја поздравува оваа амбиција. Сојузот за иднината е единствен, позитивен пристап што заеднички ќе го дефинираме, надоврзувајќи се на нашите заеднички сили и вредности,- - Марк Карни, премиер на Канада. Додека деталите на придружното членство ќе се разработуваат на октомврискиот Самит ЕУ – Канада по што ќе следи и гласање во канадскиот парламент, според првичната реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, САД не гледаат благонаклонето кон овој нов сојуз. Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата со ЕУ. -Мислам дека тоа е смешно. Сметам дека Канада е ужасен трговски партнер. Ако го направат тоа, и ако сметам дека станува збор за непријателски чин, ќе воведам многу сериозни царини или ќе прекинам да тргувам со Европа во многу работи,- -Доналд Трамп, претседател на САД. Поканата за придружно членство доаѓа во момент кога Канада бара начин да се дистанцира од САД поради турбулентните односи и трговската војна со претседателот Доналд Трамп, кој неодамна освен закани со високи царини, изрази желба Канада да стане 51та држава на САД. Но, дека новиот концепт за придружно членство не завршува само со Канада, навести претседателката на Европскиот парламент – Роберта Мецола, најавувајќи можност примерот со Отава да го следат и Австралија и Нов Зеланд. -Постојат различни форми – земји што сакаат да ѝ се приклучат на ЕУ или земји што се дел од Европската економска зона, а во овој случај станува збор за земји со кои сакаме да ги продлабочиме односите. Тука спаѓа Канада, а не се сомневам дека ќе бидат вклучени и други земји,- - Роберта Метсола, претседателка на Европски парламент . Во однос на заканите од Трамп кон Европската Унија, Мецола изјави дека целта на Брисел не е да се спротивстави некому, туку да развива подлабока соработка базирана на правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter