Канадскиот балет од Монтреал утревечер ќе гостува во МОБ - Канал 5

Канадскиот балет од Монтреал утревечер ќе гостува во МОБ

Првпат во Македонија ќе гостува Големиот канадски балет од Монтреал (Les Grands Ballets), кој утревечер во Македонската опера и балет ќе ја изведе балетската претстава „Минус еден“ во која учествуваат 25 танчари. Се работи за врвен ансамбл со интензивна меѓународна агенда, чие гостување во Скопје е дел од балканска турнеја и е поддржано во Годишната програма на Министерството за култура на РМ.

Канадскиот балет од Монтреал утревечер ќе гостува во МОБ
Уметнички директор на Канадскиот балет од Монтреал е истакнатиот балетски уметник Градимир Панков, кој има македонско потекло, импресивна меѓународна кариера и соработка со најпознатите имиња од светските и европските танцови компании.

По богатата кариера како танчар на просторите на поранешна Југославија и Германија, тој успешно ја презел улогата на уметнички директор во неколку познати театри за танц: Холандскиот танцов театар II, Националниот балет од Финска, Кулберг балетот од Шведска и Балетот на големиот театар во Женева. Во престижниот Les Grands Ballets од Монтреал е од 1999 година.

На прес-конференција денеска Панков рече дека е чудно што досега не бил во Скопје и гостувањето овде, рече, е затворање на кругот на неговите патувања низ светот и доаѓање на почетокот, зашто во Скопје почнал да се занимава со балетска уметност. Во изминатите години тој имал контакти со својот град, преку поканите за награди, но поради обврски досега не дошол.

- Одушевен сум од тоа што е направено во културата во Скопје и се надевам дека контактите со нашиот балет ќе продолжат, рече Панков.

Претставата „Минус еден“ премиерно е поставена во 2002 година и е меѓу најиновативните дела на репертоарот на Канадскиот балет. Кореограф е Охад Нахарин, кој е уметнички директор на танцовата компанија „Batsheva Dance Company“, со кого Панков соработува уште од 1980-тите кога го водел Женевскиот балет.

За „Минус еден“ Панков најави големи изненадувања и рече дека е претстава која има близок однос со публиката.

- Не е наративна претстава, туку се работи за фрагменти кои кореографски се фантастично поврзани. Едноставна е зашто костимите се без боја, црно - бели, сценски е решено како коцка. Има нови аспекти, наоѓам нови кореографски елементи на изразување на телото, со различни движења и користење на класичната техника, но нема многу поврзаност со класиката. Претставата имаше голем успех низ светот. Македонија има фантастичен фолклор и во душата на македонскиот народ тој е многу важен. Како директор на компанијата, гледам извесна поврзаност, а вие поврзаноста ќе ја осетите по изборот на музиката, рече Панков.

Канадскиот амбасадор во Србија, надлежен и за Македонија Роман Вашчук истакна дека својата репутација Големиот балет од Монтреал ја должи на тоа што негови членови се меѓу најдобрите танчари на светот.

- Ќе имате можност и самите да се уверите на сцената на МОБ. Људмила Шараеф го основа Канадскиот балет во далечната 1957 година и од него произлегоа познати танчари и кореографи. Но постои посебна врска на овој балет со просторите на Балканот. Уметнички директор на оваа креативна компанија е Градимир Панков кој потекнува токму од Македонија. Благодарение на неговата посветеност и работа со младите танчари, преку неговата поинаква креативна визија за светот низ магијата на танцот, Големиот канадски балет прераснува во вистински инкубатор за млади таленти, рече Вашчук.

Музиката за овој балет е преземена од: Mambo fever; Cha Cha de Amor (продуцирана и аранжирана од Бред Бенедикт); Unknown Territory од Дик Дејл; Hava Nagila; Ehad Mi Yodea; Somewhere over the rainbow од Арлен Харолд (адаптиција, Маруша); „Фратрес“ од Арво Парт, aранжирано со Universal Editions Vienna.

Гостувањето на Балетот од Монтреал во Скопје е дел од Годишната програма на Министерството за култура и министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше работна средба со Панков.

Во име на Министерството за култура, портпаролот Анита Јованоска рече дека се работи за исклучителен настан на врвни уметници.

- Ова гостување го гледаме како убава можност да се продлабочи соработката која Република Македонија ја негува со Канада, можност институциите да разменат поголема соработка и размена на проекти и уметници, но и можност во Канада да се претстават македонски уметници и македонски дела, рече Јованоска.

Директорот на Македонската опера и балет Дејан Прошев додаде дека гостувањето е можност за културна размена и за споредување како се работи во светот.

Во рамки на турнејата, Големиот балет од Монтреал ќе гостува и во Атина, Белград и во Нови Сад. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Седницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас!

На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември.

– На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој.

Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз.

– Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ.

Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности.

- Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

Предводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. 

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

„Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време.

Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот.

– Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната.

Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“.

„Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“.

Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната.

Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер