Канадски суд со шокантна пресуда: Комичар може брутално да исмева тинејџер со инвалидитет - Канал 5

Канадски суд со шокантна пресуда: Комичар може брутално да исмева тинејџер со инвалидитет

Џереми Габриел, кој сега има 24 години, е роден со деформитети на главата, лицето, ушите и черепот.Се стекнал со слава како пејач, настапувајќи за папата Бенедикт Шеснаесетти во 2006 година и пеење на канадската химна на хокеј натпревар по пет години 

Канадски суд со шокантна пресуда: Комичар може брутално да исмева тинејџер со инвалидитет

Почнувајќи од 2010 година, комичарот Мајк Вард го исмевал физичкиот изглед на Габриел и неговото пеење. Вард рече дека луѓето биле љубезни кон пејачот само затоа што верувале дека тој може да умре. Тој исто така се пошегувал дека се обидел да го убие Габриел обидувајќи се да го удави. Габриел, тогаш тинејџер, бил малтретиран на училиште и сакал да се самоубие, пренесува Гардијан.

Канадскиот Врховен суд пресудил дека комичарот имал право да му се потсмева на тинејџерот со попреченост - вклучително и шегата дека сакал да го удави. Ова е еден од најважните случаи што го покрена прашањето за сатира и потребата да се заштитат децата како ранливи групи.

Одлуката на највисокиот суд во земјата конечно стави крај на правната битка која траела повеќе од една деценија и која ги испитувала границите на уметничката слобода.

Судот за човекови права во Квебек, во 2006 година, му наредил на Вард да му плати 35.000 американски долари на Габриел, како и 7.000 долари на неговата мајка, Силви Габриел. Судот заклучил дека Вард им наштетил на нивното достоинство и чест и дека се вклучил во дискриминација.

Апелациониот суд во Квебек ја потврдил пресудата за дискриминација во 2019 година, велејќи дека уметничката слобода има ограничувања, но го поништил надоместокот за неговата мајка Силви.

Во петокот, повеќето судии на Врховниот суд напишале дека додека Вард „кажа некои непријатни и срамни работи“, случајот не го исполнува високото ниво утврдено со законот во Квебек за да се докаже дискриминација - и дека коментарот на Вард не ја повика публиката да се однесува несоодветно со Габриел .

„Обвинувањето за дискриминација мора да биде ограничено на говор кој има навистина дискриминаторски ефект“, напишале тие.

„Никогаш не би толерирале понижувачко или дехуманизирачко однесување кон децата со попреченост; нема принципиелна основа за толерирање на зборови кои имаат ист навредлив ефект. Завиткувањето на таквото дискриминаторско однесување во заштитна говорна наметка не го прави помалку неподносливо кога тој говор се сведува на намерна емоционална злоупотреба на дете со попреченост“, напишале судиите во нивното соопштение за печат.

„Би сакал да му кажам на Ворд дека не сум овде денес да зборувам за одземање на мојот живот. Се прашувам како би се чувствувал ако го доживеал тоа? Како би реагирал? Дали би зборувале за слободата на говорот? Тоа е прашањето што би му го поставил,“ , изјавил Џереми.“ Каде е границата за правилно постапување со децата? Поради тоа сум малку загрижен за иднината“, заклучил тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер