Канадски рапер шокира- на црвениот тепих се појави облечен во WC школка (ФОТО) - Канал 5

Канадски рапер шокира- на црвениот тепих се појави облечен во WC школка (ФОТО)

Канадскиот рапер Александар Леон Гумучијан, попознат како bbno$, дефинитивно знае да го сврти вниманието на доделувањето на JUNO наградите што се одржаа викендов во Ванкувер.

Канадски рапер шокира- на црвениот тепих се појави облечен во WC школка (ФОТО)

Додека сите други изведувачи избраа да се појават во елегантна облека, овој музичар се појави во сосема неочекувана комбинација, инспирирана од тоалет,пренесе 24 сата.

Bbno$ стекна огромна популарност со неговите вирални хитови како „Lalala“ и „Edamame“. Познат по својот уникатен музички стил кој комбинира трап, хип-хоп и рап, bbno$ стекна обожаватели ширум светот. Освен по музиката, раперот е познат и по својот специфичен имиџ.

Тој на црвениот тепих носеше тоалет околу половината, додека неговото продолжено „здолниште“ наликуваше на ролни тоалетна хартија. Оваа екстравагантна облека беше вистинска сензација, а многумина се прашуваа што го инспирирало да го направи ова.

Патем, JUNO Awards се престижни канадски музички награди кои се доделуваат од 1970-тите. Овие награди ги признаваат извонредните достигнувања на канадските музичари во различни жанрови, како што се поп, рок, хип-хоп, џез, класична музика, кантри и многу други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер