Канадски олимпиец ја скрши карлицата по тежок пад во ски-крос (ВИДЕО)

Канадскиот скијач Крис дел Боско се здоби со сериозни повреди и ја скрши карлицата по тежок пад на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Дел Боско на трката во осминафиналето во ски-крос за подобар пласман се обиде да изведе еден ризичен скок, но изгуби контрола во воздухот и падна.

Тој по падот десет минути лежеше неподвижно и ситуацијата на патеката стана критична.

Но, за среќа 35-годишниот олимпиец го подигна палецот за да покаже дека е свесен и беше итно пренесен во болница.



притисни ентер