Канадската секс бомба Оливија Пирсон (фото) - Канал 5

Канадската секс бомба Оливија Пирсон (фото)

Оливиа Пирсон е канадска блогерка, влогерка, риалити и Инстаграм ѕвезда, па и моден експерт во поглед на естетиката. Родена е на 20 август 1989 година во градот Лангли во Канада.

Убавата Канаѓанка е една од учесничките на американското риалити шоу „WAG“, а веќе долго време е вклучена во проектот за собирање на пари за помош на жените заболени од рак на дојка.

Оливија е активна на социјалните мрежи на кои има повеќе од милион следбеници, каде главно објавува работи поврзани со модата. Кога станува збор за мажите, во моментот е слободна и е во потрага за нова љубов, а преферира спортисти.

За себе изјавува дека понекогаш е несфатена, осетлива, страсна, верна и секогаш подготвена за забава.

Оливиа истакнува дека многу ги сака забавата, хуморот, често е саркастична, но не и сметаат шегите на нејзина сметка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека неодамнешните американски воздушни напади врз бродови осомничени за шверц на дрога го прекршиле меѓународното право и би можеле да се сметаат за злосторства против човештвото.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на специјалниот известувач Бен Сол се наведува дека од септември минатата година, во Карипското Море и во Тихиот Океан, надвор од територијалните води на САД, биле извршени најмалку 68 американски напади во кои загинале повеќе од 220 луѓе, пренесува Би-би-си.

Извештајот беше објавен два дена откако американската војска соопшти дека убила четворица луѓе во напад врз брод на Карибите. „Потврдени разузнавачки податоци открија активна вмешаност на пловниот објект во трговијата со дрога. Во операцијата беа убиени четворица нарко-терористи“, се вели во соопштението на „Southcom“ – командата на американските сили во регионот – која исто така објави видеоснимка од нападот.

Американската војска ја започна операцијата наречена „Southern Spear“ на почетокот на септември. Сепак, официјалните лица не понудија цврсти докази дека целните бродови навистина биле вклучени во шверц. Министерот за одбрана Пит Хегсет претходно изјави дека целта на операцијата е да се отстранат „нарко-терористите од нашата хемисфера“ и да се заштитат САД од „дрогата што ги убива нашите луѓе“.

Кршење на правото на живот

Сол истакна дека целите, дури и ако можат да се идентификуваат како припадници на одредени терористички групи, не извршиле вооружен напад врз САД што би го активирал правото на самоодбрана според меѓународното право. Во извештајот објавен денес од Советот за човекови права на ОН, Сол наведе дека „таквите напади претставуваат низа вонсудски убиства со кои се крши правото на живот, бидејќи не се оправдани со национална или лична самоодбрана“.

Сол додаде дека за нив не постои оправдување според меѓународното хуманитарно право, правото на море, конвенциите за борба против наркотици или меѓународното право за борба против тероризмот. „Постојат разумни основи да се верува дека 68-те пријавени напади, во кои загинаа 223 лица, претставуваат злосторства против човештвото во форма на убиство според обичајното меѓународно право“, заклучи Сол.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски се сретна со Ајман ал-Сафади, заменик-претседател на Владата на Јордан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Њујорк оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан.

Муцунски се сретна со Ајман ал-Сафади, заменик-претседател на Владата на Јордан

„На маргините на #UNGA2026 во Њујорк остварив средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади.

Потпишавме Меморандум за разбирање за одржување политички консултации меѓу двете министерства, со што создаваме дополнителна рамка за редовен дијалог и продлабочување на билатералната соработка.

Разговаравме за можностите за натамошно унапредување на односите, координацијата во рамки на мултилатералните организации, како и за актуелните регионални и глобални предизвици.

Остануваме посветени на посилен политички дијалог, поголема соработка и развој на нови области од заемен интерес.“- објаву Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на имотни деликти, зависности и насилство

Полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на имотни деликти, зависности и насилство

Денеска (21.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа превентивна активност „Кажи не на дрогата“ со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави.

Во Прилеп, Велес и Чашка, пак полициски службеници од ОВР Прилеп и СВР Велес реализираа превентивни активности за заштита од кражби, измами и разбојништва, во рамки на кои, преку непосредна комуникација полициските службеници ги советуваа граѓаните како да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, укажувајќи им на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Штип и Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност (16–22 септември). Низ директна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи односно зголемување на нивото на сообраќајна култура, како и почесто користење на алтернативни превозни средства. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Отсекот за превенција при СВР Куманово во Куманово реализира превентивна активност за спречување на говорот на омраза и насилно однесување, пред се кај помладата популација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер