Канада по 28. пат светски шампион во хокеј на мраз

Репрезентацијата на Канада постави нов рекорд на светските првенства во хокеј, престигнувајќи ја Русија/СССР (27 златни медали).

Канаѓаните синоќа во Тампере го освоија 28. шампионски трофеј на Мундеијалите. Тие во Тампере, Финска во финалето ја победија Германија со 5:2.

Во натпреварот за 3.место, ко-домаќинот на Светското првенство 2023, репрезентацијата на Летонија ги совлада САД со 4:3 по продолжение.

Санкционирани 180 возачи за брзо возење

Санкционирани се 180 возачи низ државата поради возење со брзина поголема од дозволената, при акција спроведена во текот на вчерашниот ден, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Калифорнија: Големо зголемување на саатницата во рестораните за брза храна

Вработените во рестораните за брза храна во Калифорнија ќе имаат минимална плата од 20 долари на час почнувајќи од следната година. 

Тоа ќе стане највисоката гарантирана основна плата во американската индустрија за брза храна. Претходната минимална плата за час беше 15,50 долари, со што Калифорнија веќе била блиску до врвот.

За споредба, типичниот вработен во ресторан за брза храна во САД минатата година заработил 13,43 долари на час. Демократскиот гувернер Гевин Њусом го потпиша предлог-законот опкружен со радосни работници и ја отфрли идејата дека работните места за брза храна се за тинејџери кои бараат искуство.

„Тоа е романтизирана верзија на свет што не постои. Имаме можност да го наградиме тој придонес, да ја наградиме таа жртва и да ја стабилизираме индустријата“, рече тој. Новата минимална плата стапува на сила од април, а се однесува на рестораните кои имаат најмалку 60 продажни места низ целата земја, пишува „Sky News“.

Новата минимална саатница значи дека работниците со полно работно време ќе добиваат годишна плата од најмалку 41.600 долари. Инаку, 550.000 луѓе работат во 30.000 ресторани за брза храна низ Калифорнија. Се формира и нов совет кој од сега до 2029 година ќе може да ја зголемува оваа саатница за најмногу 3,5% секоја година.

Политичарите во Калифорнија се свртеа кон други индустрии по овој потек и усвоија закон со кој постепено ќе се зголеми минималната плата за час за здравствените работници на 25 долари на час. Во другите сектори, федералната минимална плата е непроменета на 7,25 долари на час од 2009 година, или 15.080 долари годишно за некој што работи 40 часа неделно.

Извор: Индекс.хр

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денара, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98, 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231 отсто, кај дизелот зголемување за 0,083, кај екстра лесното масло има намалување за 1,177 и кај мазутот намалувањето е за 0,495 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308 отсто.

притисни ентер