Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветКанада: Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивалНеколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви.Во соопштението се наведува дека полицијата на местото на настанот уапсила 30-годишен жител на градот. Initial reports of several killed and over a dozen injured, after an SUV plowed into a closed-off street filled with people celebrating the Lapu Lapu Festival in Vancouver, Canada. pic.twitter.com/cLQQPfOMCq — OSINTdefender (@sentdefender) April 27, 2025 Инцидентот се случи синоќа во близина на улицата „Фрејзер“ и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си. Според изданието Глобал њуз, „осум лица загинале кога автомобил влетал во луѓе кои присуствувале на уличен фестивал во Ванкувер вчера вечерта, а најмалку шест се повредени“. Полицијата официјално не ја потврди оваа информација. Вршителот на должноста шеф на полицијата во Ванкувер, Стив Раи, изјави дека 30-годишниот осомничен е уапсен на местото на настанот и дека во инцидентот учествувале „еден осомничен и едно возило“. Раи на прес-конференција изјави дека би било неправедно кон семејствата да се шпекулира за точниот број на жртви, бидејќи луѓето биле однесени во повеќе болници во регионот. Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека е „длабоко потресен“ откако слушнал за „страшниот настан“ на фестивалот во Ванкувер. Градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим, изјави дека е „шокиран и длабоко тажен“ од „страшниот инцидент“ на фестивалот, објави Си-Би-Си. Премиерот на канадската провинција Британска Колумбија, Дејвид Иби, во објава на платформата Икс напиша дека е „шокиран и со скршено срце“ откако слушнал за смртните случаи и повредените на фестивалот во Ванкувер. Полицијата најави дека со повеќе информации за инцидентот и текот на истрагаата ќе излезе подоцна денеска. Тагови: канада повредени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветГолема акција во Турција: 350 кг кокаин пристигнале со брод од БразилТурската полиција заплени 350 кг кокаин скриен на брод што пристигна во пристаништето Мерсин, прекинувајќи го синџирот на шверц со дрога од Јужна Америка, објавија денес медиумите во земјата.Министерот за правда Акин Гурлек по повод ова изјави дека турските власти ќе продолжат решително да се борат против злосторствата поврзани со дрога, од изворот до мрежата за дистрибуција, од финансиерите до нарко-босовите. „Нема да има толеранција за трговците со дрога и нема да има дупки во законот за нарко-босовите“, рече тој, според Хабертурк. Дрогата, вредна приближно 1,5 милијарди турски лири (околу 26,6 милиони евра), беше запленета, а девет осомничени идентификувани преку технички и физички надзор беа уапсени. Против осомничените е покрената судска постапка за кривично дело производство и трговија со наркотични или стимулативни супстанции. „Операцијата против трговците со дрога беше спроведена како резултат на работата на Одделот за наркотици на Полициската управа во Истанбул и Одделот за наркотици и разузнавање на Полициската управа во Мерсин“, се вели во соопштението на полицијата. По информациите дека на брод кој отпловил од Јужна Америка и пристигнал во пристаништето Мерсин има голема количина наркотици, беше утврдено дека товарен брод од Бразил се закотвил во пристаништето. За време на претресот на бродот, запленети се приближно 350 килограми кокаин во 12 големи пакети, заедно со опрема за нуркање и подводен скутер. Министерот Гурлек во објава на својот профил на социјалните мрежи изјави дека турските власти се борат против нарко-босовите и меѓународните криминални мрежи што ги воспоставиле. Потсетувајќи дека Ислам Јакут, водачот на меѓународна организација за трговија со дрога, кој беше во бегство од 2017 година, беше уапсен во Истанбул пред два дена, Гурлек објави дека денес нанеле удар врз мрежа за трговија со дрога во Мерсин, која планирала да транспортира кокаин испратен по море од Јужна Америка. Гурлек изјави дека, како дел од истрагата предводена од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Мерсин, Полициската управа открила план за криење на дрогата во трупот на брод под површината на водата, нејзино извлекување со помош на нуркачи и нејзино транспортирање во западните провинции. Извор: Б92Тагови: дрога турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook