Канада и скандинавските земји договорија соработка во воено индустриското производство - Канал 5

Канада и скандинавските земји договорија соработка во воено индустриското производство

 Премиерите на Канада и петте скандинавски држави на денешната средба во Осло договорија соработка за зајакнување на воено индустриско производство, како поддршка на колективната одбрана, безбедноста и отпорноста.

Канада и скандинавските земји договорија соработка во воено индустриското производство

Во заедничката изјава по средата се наведува дека, Норвешка, Шведска, Данска, Финска, Исланд и Канада ќе продолжат да обезбедуваат економска, цивилна, воена и хуманитарна помош за Украина.

- Подлабоката соработка ќе помогне да се осигури безбедноста и да се создадат нови можности за економски раст, рече домаќинот на состанокот, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Додека премиерката на Данска, Мете Фредериксен посочи дека „стариот светски поредок исчезна и веројатно нема да се врати. Затоа треба да изградиме нешто ново, а тоа мора да биде светски поредок заснован на вредностите за кои се залагаме“.

Премиерите на шесте држави се договорија и да ја зајакнат колективната одбрана, безбедност и отпорност преку поблиска соработка во набавките за одбраната.

- Сите се согласуваме дека ако ги трошиме овие пари одделно или на некоординиран начин, тоа нема да биде добро за даночните обврзници. Исто така, нема да ги заштити нашите граѓани колку што треба. Сè уште многу набавуваме од САД, но сигурно ќе се стремиме повеќе да набавуваме од партнерите. А, тоа е многу поширок опсег на земји со кои можеме да соработуваме, нагласи Карни.

Лидерите на нордиските земји и Канада ја идентификуваа Русија како главна закана на Арктикот. Додека Сторе наведе дека „на подолг рок, тоа би можело да биде и Кина“.

Шесте лидери во својата заедничка изјава потврдија дека ја ценат соработката и меѓународното право „во ера обележана со зголемени геополитички тензии, војна и повеќекратни кризи“.

- Со сè што се случува во моментов – војната во Украина, САД, кои за жал ги укинуваат санкциите против Русија и војната на Блискиот Исток – земји како нашата мора да останат обединети, посочи Фредериксен.

Таа се заблагодари на Канада во услови на „неприфатлив притисок“ од американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд.

- Сите се соочуваме со постојан растечки список на предизвици: предизвици поврзани со безбедноста на Арктикот, предизвици поврзани со променливата природа на војната и предизвици што произлегуваат од интеракцијата помеѓу новите технологии и конфликтите – и реални и виртуелни – кои ни се приближуваат на сите нас, истакна Карни.

Премиерот на Финска, Петери Орпо наведе дека неговата држава се Финска се приклучува кон политиката на соседните земји и нема намера да распоредува нуклеарно оружје на своја територија.

Состанокот со лидерите на скандинавските земји е нов обид на канадскиот премиер да изгради нови глобални сојузи. Карни се залага за поблиски врски со Кина и земјите од Блискиот Исток, како и со Индија и Европа, обидувајќи се да ја намали зависноста на неговата земја од САД и да создаде трговски систем предводен од, како што ги нарекува „средни сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот.

-Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи.

На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана.

Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила.

-Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс

Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко.

-Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД

Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер