3Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
Други спортовиКанада го освои премиерното издание на хокеарскиот турнир „Четири нации“Хокеарската репрезентација на Канада е победник на турнирот „Четири нации“, на кој настапуваат играчи само од НХЛ лигата, откако во финалето синоќа во Бостон по продолженија триумфираа над САД со 3-2 (1-1, 1-1, 0-0; 1-0).Првото издание на овој турнир, понуди одличен хокеј, а кулминацијата се случи во финалето во Бостон, во кое Канаѓаните ги победија своите големи ривали Американците со голот на најдобриот играч на денешницата, Конор МекДејвид во 8:18 минута од продолжението. Турнирот „Четири нации“ беше своевидна „генерална проба“ за враќање на НХЛ играчите на Зимските олимписки игри по пауза од 12 години, што ќе се случи за една година во Милано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државатаКузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси.Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој, борбата против корупцијата и европските вредности преку поширок Фронт за вистина и правда, порача портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Кузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси. „Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско - општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители“, рече Кузеска. Воедно, на прес-конференцијата Кузеска посочи дека со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ ја започнува новата етапа на политичко дејствување. „Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија.Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики“, рече Кузеска. Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
СветВидео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската РепубликаАвион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во Доминиканската Република, при што загинаа пилотот и копилотот.Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во несреќата, а во авионот немаше патници, објави CNBCTV18. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ облак од чад како се издига над аеродромот додека пожарникарите се бореа со пожарот. Доминиканскиот институт за цивилно воздухопловство соопшти дека екипажот прогласил вонредна состојба додека авионот се наоѓал на околу 16 наутички милји југозападно од Ла Романа. Авионот се урна додека се обидувал да се врати на аеродромот. Властите потврдија дека е започната истрага за да се утврди причината за падот на „Галфстрим Г200“. WATCH: Private jet crashes while emergency landing at La Romana International Airport in Dominican Republic. pic.twitter.com/oiaEIRPjes — AZ Intel (@AZ_Intel_) June 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈПДП од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски таговиПочнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена. ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD) и готовинско плаќање (CASH). Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) – означува затворена лента Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter