ЗдравјеКанада го изгуби статусот на земја во која се искоренети малите сипанициСо одлука на Панамериканската здравствена организација - ПАХО , Канада по речиси три децении го изгуби статусот на земја каде што сипаниците се искоренети, објави денеска Канадската агенција за јавно здравје.Британските медиуми објавија дека ПАХО и го поништи овој статус на Канада поради нејзиниот неуспех во текот на изминатата година да ја спречи епидемијата на оваа заразна болест. Канадските здравствени експерти минатиот месец објавија дека Панамериканската здравствена организација ќе го повлече статусот на Канада како земја каде што сипаниците се искоренети бидејќи биле регистрирани повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници во девет од 10 провинции и една северна територија. „Иако преносот на оваа инфекција неодамна се забави, епидемијата траеше повеќе од 12 месеци, првенствено во заедниците каде што не беа вакцинирани потребниот број луѓе. ПАХО ја информираше Агенцијата за јавно здравје на Канада дека земјата повеќе нема статус на земја во која се искоренети малите сипаници“, се наведува во официјалното соопштение, додавајќи дека Агенцијата ќе се фокусира на подобрување и унапредување на процесот на масовно вакцинирање. Се смета дека падот на стапката на вакцинација во некои делови од Канада претходел на новата епидемија и ширењето на инфекција што може ефикасно да се спречи со имунизација. Од избувнувањето на пандемијата Ковид-19, сè поголем број луѓе се скептични и недоверливи кон вакцините.Тагови: канада мали сипаници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и МолдавијаЕвропската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија.Кипар, кој во моментов претседава со советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се заблагодари на партнерите во ЕУ. „Украина го прави она што е потребно, и важно е што и еу си го држи својот збор“, напиша тој. Украинскиот претседател додаде дека почетокот на преговорите претставува „значајна политичка и морална поддршка за државата и украинскиот народ“. Претседателката на Молдавија, Маја Санду, исто така ја поздрави одлуката со објава на Х, пишувајќи: „ние ја завршивме работата и ќе продолжиме да спроведуваме реформи“.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“.„По моја наредба, јужната команда на САД изврши брз и смртоносен напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth social, која содржеше и видео на кое наводно е прикажан нападот. Трамп додаде дека „оваа акција беше координирана во блиска соработка со нашите пријатели во Венецуела, со кои работиме многу добро“. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБрисел ѝ се заканува на Бугарија со санкцииЕвропската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија, потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис.Зборувајќи по состанокот на советот за економски и финансиски прашања во Луксембург, Домбровскис изјави дека комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во врска со буџетскиот дефицит. Според правилата на ЕУ, постапката за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит на државата надминува три проценти од бруто домашниот производ, додека јавниот долг надминува 60 проценти. Како дел од постапката, на земјата ѝ се дава рок за спроведување мерки што би го вратиле дефицитот во дозволените граници. доколку државата не ги почитува препораките, може да се воведат финансиски санкции.Тагови: Брисел Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37