Кампањата за Скопје во полн ек, кандидатите за градоначалници и денеска ги претставија своите проекти - Канал 5

Кампањата за Скопје во полн ек, кандидатите за градоначалници и денеска ги претставија своите проекти

Кампањата за Скопје во полн ек, кандидатите за градоначалници и денеска ги претставија своите проекти кои би спровеле доколку граѓаните им ја дадат поддршката.

Кампањата за Скопје во полн ек, кандидатите за градоначалници и денеска ги претставија своите проекти

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ – Орце Ѓорѓиевски најави неколку нови сообраќајни решенија, како и нов кружен тек во Ѓорче Петров кој дополнително би го растоварил метежот од автомобили во овој дел од градот. Воедно најави конечна санација на најголемиот проблем кој го имаат Ѓорчевци, односо притисокот за вода, особено оние кои живеаат во повисоките зони. А, најави дека гимназијата „Кочо Рацин“ ќе добие нов објект.

-Предвидуваме решавање на уште еден долгогодишен проблем, а тоа е изградба на нов резервоар што ќе го реши слабиот притисок на водовод во Ѓорче Петров. Со изградбата на нов резервоар и пунктна станциа на Оризарски рид ќе обезбедиме стабилно и сигурно водоснабдување, што ќе биде решение што ќе служи за генерациите кои доаѓаат после нас. Со поддршка од владата ќе изградиме средно училиште што ќе ги следи европските стандарди,- - Орце Ѓорѓиевски – Кандидат за градоначалник на Скопје – ВМРО – ДПМНЕ.

Еден од клучните приоритети на Шукова е образованието, кој денеска го претстави носителката на нејзината советничка листа за Град Скопје – Катерина Цаневска. Тимот на кандидатката за прв човек на Скопје, на денот на наставниците најавува нова гимназија во О. Аеродром, како и реновирање и опремување на постојната училишна инфраструктура. Воедно, во следната етапа, најавуваат мрежа од младински центри кои подобро ќе ги поврзуваат, но воедно и ќе учестуваат во процесите на одлучување.

-Во програмата предвидуваме, и тоа во првата фаза, реновирање и опремување на постојната училишна инфраструктура. Модернизација на наставните методи, модернизација и воведување на нови содржини во наставата, како и поддршка на неформалното образование преку ревитализација на планетариумот во МКЦ. Поддршката за младинските иницијативи ќе биде зголемена за цели 300%, затоа што младите се сегашноста и иднината на нашето Скопје,- Катерина Цаневска – Носител на советничка листа за Град Скопје – СДСМ.

Кандидатот Мециновиќ продолжува со својата кампања на терен, а утринава исто така и тој беше во Ѓорче Петров, од каде порача дека очекува влез во втор круг во трката за Скопје. Посочи што ќе биде главниот фокус во неговиот мандат, воедно кажа дека ќе го запре приватизирањето на јавните претрпијатија, кои, како што кажа, неговите противкандидати го подготвуваат.

-Скопските активисти се од сабајле до навечер на улици и тоа што се чувствува е дека влегуваме во втор круг. Да потсетиме повторно, ние имаме неколку главни приоритети за следниот мандат, а тоа јавниот превоз, негово целосно санирање и нудење на алтернативен превоз. Потоа и борба против загадувањето на воздухот на многу фронтови. Крајно, чистење на градот преку зајакнување на претпријатијата,- Амар Мециновиќ – Кандидат за градоаначалник на Скопје – Левица.

Кандидатот за градоначалник на „Искуство за успех“ – Александар Трајановски пак денешната агенда ја посвети на ГТЦ, кој спасот за овој трговски ценар ја гледа во неговата пренамена, бидејќи првичната намена вели е веќе надмината. Дополнително, според него, покрај тоа што таму би се сместила градската администрација, ГТЦ би заживеал и преку отворање на уметнички ателјеа, како и место за занаетчиите кои би добиле простор да го покажат она што го прават.

-Предвидуваме една практична пренамена на овој објект со кој што би го презеле како Град Скопје и овде би бил домот на градската администрација и советот на Град Скопје. Сите во јавноста се побеќе од доволно информирани дека и сопствениците локалите во ГТЦ имаат потешкотии, речиси да намената на овој објект е веќе надмината. И секако оние два центри кои што ги предвидуваме, а тоа се иновативниот хаб за млади и старт ап центарот,- Александар Трајановски - Кандидат за градоначалник на Скопје – „Искуство за успех“.

Кандидатот на „Независни заедно“ – Горан Марковски пак денеска со својот тим и кампањнски банер на велосипедот се појави на скопскиот маратон, каде посочи дека не учествувал, но ги бодрел своите соработници и другари на настанот, кој вели го одбележува спортскиот дух на Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер