Мицкоски пред Генералното собрание на ОН-Ние сме мала земја, но одбиваме да дозволиме малата територија да ја дефинира големината на нашата амбиција
2Мицкоски пред Генералното собрание на ОН-Ние сме мала земја, но одбиваме да дозволиме малата територија да ја дефинира големината на нашата амбиција
3Петрушевски: Контрашот Филипче доживува дебакл, ставот да се биде против може да даде само еден резултат – тонење и исчезнување на СДС
3Балканска актерката зборува шест јазици, омажена со холивудска ѕвезда, живее во Америка во вила вредна 4,5 милиони.
МакедонијаКампања во Кисела Вода: „Вашата месна заедница - прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“Под мотото „Вашата месна заедница - прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“, Општина Кисела Вода започнува нова кампања со цел доближување на услугите до граѓаните и зајакнување на улогата на месните заедници.Целта на новата иницијатива е дополнително да се поттикнат граѓаните масовно да го користат овој механизам, кој им овозможува административната поддршка да ја добијат буквално во своето место на живеење. Во таа насока, телефонските броеви на претседателите и секретарите на сите 15 месни заедници се јавно достапни на општинската веб-страница, како и преку информативни летоци. Со ова се очекува значително да се зголеми граѓанското учество во креирањето на локалните политики и побрзо решавање на сите прашања кои се од непосредно значење за жителите. -Општина Кисела Вода отсекогаш била и останува со отворени врати за секој еден жител, но со оваа кампања сакаме ние да дојдеме уште поблиску до вас. Месните заедници се наш важен локален ресурс, а сега сакаме силно да ја поттикнеме и зајакнеме нивната улога. Нашата цел е секој граѓанин да знае дека неговата месна заедница е првата и најбрза станица до посакуваното решение. Кога иницијативите почнуваат од луѓето кои најдобро го познаваат своето маало, успехот е загарантиран. Ве повикувам да ги користите контактите, да ги барате вашите претставници и заеднички да го унапредуваме животот во секоја населба и населено место- истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапи за денарМалопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,50 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 21.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,049%, кај дизелот има намалување за 6,734%, кај екстра лесното масло исто има намалување и тоа за 4,936% и кај мазутот намалувањето е за 1,630%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9522%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 29.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 100,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 102,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 111,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 49,882 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,196 ден/кг и сега ќе изнесува 49,882 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотИма 11 деца со седум жени: Славен фудбалер остана без 160 милиони евраЕдинаесет деца со седум различни жени, три титули во Лигата на шампиони, освоено Светско првенство со Бразил и околу 160 милиони евра изгубени. Сѐ ова успеал да „го направи“ славниот бразилски фудбалер Роберто Карлос. 53 годишниот Карлос најверојатно многу брзо ќе го потпише и седмиот развод. Животот на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот ненадејно тргна во поинаква насока, забрзано движејќи се кон финансиска катастрофа што самиот шампион ја опиша. Лажни пријатели, корумпирани агенти и лукави членови на семејството му ги испразнија банкарските сметки. Бразилецот остана без пари. Легендарниот Бразилец јавно изјави дека ги загубил 99 отсто од парите заработени во текот на својата фудбалска кариера (проценети на 160 милиони евра). Како главни причини ги наведе проблемите со поранешен агент и сериозните семејни проблеми. Исто така, призна дека речиси сè загубил поради сопствени грешки. „Имав проблеми со луѓе што ме оставија без пари. Поради агенти и семејни проблеми, изгубив 99 отсто од сè што заработив во фудбалот“, изјави Карлос. Карлос раскажа како во еден момент добил „куп документи“ за кои претходно не знаел, само за да сфати дека неговото богатство практично исчезнало. Познатиот фудбалер на Реал Мадрид – кој сè уште работи за клубот како амбасадор – има 11 деца со седум различни жени. Тој претходно зборувал за тоа колку е тешко прецизно да се избројат сите мајки на неговите деца, иако во неодамнешните извештаи се наведува бројката 11. Неговиот последен брак беше со Маријана Лукон, физиотерапевтка. Тие стапија во брак во 2009 година и имаат две ќерки, Мануела (родена во 2010 г.) и Марина (родена во 2017 г.); се разведоа минатата година. Веста дека по разделбата привремено престојувал во просториите на Реал Мадрид – додека Маријана и нивните ќерки останале во семејниот дом – привлече значително внимание. Претходно оваа година, тој се ожени со Сухеила Етахири, шпанска бизнисменка со мароканско потекло и лиценциран фудбалски агент. Иако има деца со седум различни жени, медиумските извештаи укажуваат на тоа дека ова е само неговиот трет брак. Покрај со Маријана, сигурно е дека бил во брак и со Александра Пињеиро, со која има три деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски пред Генералното собрание на ОН-Ние сме мала земја, но одбиваме да дозволиме малата територија да ја дефинира големината на нашата амбицијаОбраќање на премиерот Христијан Мицкоски пред Генералното собрание на ООН. -Ние сме мала земја, но одбиваме да дозволиме малата територија да ја дефинира големината на нашата амбиција. Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, држава на која нејзините сојузници можат да ѝ веруваат, држава во која младите можат да ја планираат својата иднина, држава што ја почитува разновидноста и мултикултурниот карактер на своето општество, држава доволно самоуверена да го брани својот сопствен идентитет без да го негира идентитетот на другите, држава што ја познава својата историја, но не е заробена од неа, и држава што не очекува другите да ја градат наместо неа, истакна македонскиот премиер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07