Kампања на МЗ за превенција и рано откривање рак на грлото на матката - Канал 5

Kампања на МЗ за превенција и рано откривање рак на грлото на матката

Кампањата се одвива со емитување промотивен видео спот.

Kампања на МЗ за превенција и рано откривање рак на грлото на матката

Ракот на грлото на матката може да се превенира доколку навреме се открие. „Еден преглед спасува живот, прегледај се -заштити се!" е мотото под кое се спроведува кампањата за превенција и рано откривање рак на грлото на матката, информира на својата фејсбук страница Министерството за здравство.

Освен во јануари, месец кој традиционално е посветен за подигнување на свесноста за борба со цервикалниот карционом, Министерството за здравство, како што се посочува, преку низа активности цела оваа година ја посветува на унапредување на женското здравје, а во завршна фаза е и изработката на посебен модул за пријавување пациентки за зголемување на опфатот на жени и приближување на оваа здравствена услуга до женската популација.

– Со поддршка на УНФПА веќе се во функција мобилните гинеколошки клиники, каде се вршат прегледи за рано откривање на ракот на грлото на матката, кои веќе посетија неколку општини низ државата. Целта е да се зголеми бројот на жени и девојки кои ќе направат бесплатен ПАП тест, да се зголеми инклузивноста на женската популација од ранливите групи кои живеат во рурални и оддалечени места и да се подигне свеста за важноста од редовни контроли, потенцираат од Министерството.

Во мобилната гинеколошка амбуланта, како што се истакнува, се достапни и совети за родово базирано насилство и за планирање на семејството. Прегледите за гинеколошката амбуланта се бесплатни, пријавувањето се одвива преку матичните лекари.

– Кампањата се одвива со емитување промотивен видео спот на националните ТВ, објавување документарни содржини за мобилните клиники на социјалните мрежи, дистрибуција на печатени едукативни материјали, како и совети од гинеколози за важноста на редовните прегледи.

Сите овие активности се реализираат преку Комисијата за скрининг на рак на грлото на матката при Министерството за здравство во соработка со УНФПА, СЗО, УНИЦЕФ и лекарските здруженија, информираат од Министерството за здравство. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка микс двојка на Грен слемот во Њујорк

Најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и најдобрата свестка тенисерка во моментов, Арина Сабаленка ќе ги здружат силите на последниот грен-слем турнир во сезоната УС Опен во Њујорк.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка микс двојка на Грен слемот во Њујорк

Српскиот тенисер и најдобрата тенисерка во светот заедно ќе настапат во конкуренција на мешани двојки на УС Опен, потврдија организаторите на турнирот во Њујорк.

Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката, со оглед на тоа што од едната страна на теренот ќе биде еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а од другата – тенисерка која веќе ги има освоено најголемите трофеи во женскиот тенис.

Челникот на Тениската асоцијација на САД, Крег Тајли, истакна дека новиот формат на мешани двојки претставува можност спортот уште повеќе да им се доближи на навивачите. – Секогаш кога можете да ги споите жените и мажите во ист тим, го прикажувате тенисот во неговото најдобро светло. Токму тоа го овозможува првенството во мешани двојки. Горди сме што повторно ги собираме најдобрите светски играчи во формат што ќе понуди возбудлива забава за нашите навивачи – изјави Тајли.

Натпреварите во мешани двојки на УС Опен ќе се играат од 24 до 26 август, пред почетокот на главниот дел од турнирот.

Во главната ждрепка ќе учествуваат 16-те најдобри двојки, а натпреварите во почетните кола ќе се играат до освојување на два сета. Сетовите ќе се освојуваат со четири добиени гема, додека при резултат 3:3, победникот ќе се одлучува со тај-брејк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп домаќин на Нетанјаху и Зеленски,ќе се разговара за војните во Иран и во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп е домаќин на израелскиот премиер Нетанјаху и украинскиот претседател  Зеленски.

Трамп домаќин на Нетанјаху и Зеленски,ќе се разговара за војните во Иран и во Украина

Ќе се разговара за војните во Иран и во Украина кои се во критична фаза.

Средбата со Нетанјаху ќе биде прва по почетокот на војната со Иран, која предизвика тензии меѓу двајцата лидери. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на Иран, безбедносната состојба на Блискиот Исток, Појасот Газа и можностите за обновување на дипломатските напори.

Трамп и Нетанјаху ќе разговараат и за спроведувањето на договорот меѓу Израел и Либан, како и за нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави.

Украинскиот претседател Зеленски ќе се обиде да обезбеди продолжување на американската поддршка за Украина, во услови на интензивирани руски воздушни напади и застој на мировните иницијативи.

Иако администрацијата на Трамп ги намали директните испораки на оружје за Киев, САД и натаму остануваат еден од најважните партнери на Украина, обезбедувајќи разузнавачка поддршка, како и пристап до сателитскиот систем Старлинк.

Средбите се следат со големо внимание бидејќи би можеле да дадат насоки за идната американска политика кон двете најголеми актуелни меѓународни кризи – војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема акција на Богородица: Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари

Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари – приведен возачот на камионот.

Голема акција на Богородица: Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени.

Со оваа акција Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер