Камо никаде да не ја пуштав - очај во семејството на девојчето прегазено од Митровиќ - Канал 5

Камо никаде да не ја пуштав - очај во семејството на девојчето прегазено од Митровиќ

Српски Новости вечерва објавија дека 17 годишната девојка која синоќа со џип ја прегази синот на газдата на ТВ Пинк, е Андреа Б.

Камо никаде да не ја пуштав - очај во семејството на девојчето прегазено од Митровиќ
Девојката, пишува Новости, е внука на Вера Миљковиќ, новинарка на Танјуг во пензија.

- Не знам и не ме интересира чиј син со џип налетал на Андреа. Знам само дека ми ја уби единствената внука, мојата надеж, а потоа без да се обиде да и помогне избегал - изјави за Новости бабата на трагично загинатата девојка.

Таа за Новости раскажува дека девојчето вчера било кај неа и вечерта отишло кај тетка си.

- Камо среќа никаде да не ја пуштев. Но не претпоставувајќи дека ќе дојде до трагедија и реков слободно да оди но да се врати на време - раскажува бабата во очај.

Девојчето ја испочитувало својата баба - се враќало половина час пред полноќ кога на улица Востаничка со голема брзина на неа налета синот на Жељко Митровиќ, Александар.

Тој го напуштил местото на несреќата апотоа со татко му се пријавил во полиција.

Бабата на Андреа ги отфрла шпекулациите дека девојчето минувало улица на црвено. Не верувам во таа приказна - вели таа.

Големата трагедија се случи вчеравечер, околу 23.30.

Александар Митровиќ е задржан во полиција./ Novosti.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

За влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва.

До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста?

Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО.

Дали е ова така?

СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките.

СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си.

За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите.

Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно.

Скопје, 24.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. 

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица.

Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“.

Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење.

Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување.

„Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи.

Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер