3Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
БалканКамерон во Тирана: Проблемите на Западен Балкан се и на ЕвропаШефот на британската дипломатија, Дејвид Камерон, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, истакна дека проблемите на Западен Балкан се и на Европа, додавајќи дека „ако успее балканскиот регион, тогаш ќе успее и Европа“.-Имам фер и едноставен став дека кога ќе успее Западен Балкан, тогаш успева и Европа. Ако има проблеми на Западен Балкан, тогаш има и во Европа, наш заеднички интерес е да помогнеме во процесот на помирување, економски раст и разбирање. За мене ова е приоритет и беше уште кога бев премиер, рече тој, пренесува АБЦ њуз. Тој му се заблагодарил на Рама што го нарекол посебен пријател на Албанија и на Западен Балкан, што за него е голем комплимент. -Без да навлегувам во плановите за соработка, би сакал да нагласам дека разговаравме за вклучување во стратешки проект за Албанија и Косово, а тоа е пругата Драч-Приштина, која е клучен елемент за зголемување на капацитетот на движење не само меѓу нашите две земји, туку и во регионот и пошироко. Наскоро ќе го отвориме конкурсот за новото комерцијално пристаниште Драч, го чекаме одговорот од НАТО, Косово ќе изгради и суво пристаниште во Приштина, тоа е проект кој го надминува интересот на нашите две земји. Британија изрази интерес да биде вклучена со финансирање и експертиза. Камерон е многу важен наш застапник во трансформативните процеси, изјавил Рама. Двајцата потврдиле дека тема на разговор била и илегалната миграција со оценка дека соработката дала задоволителни резултати, но дека операциите ќе продолжат. -Разговаравме за заедничкиот проект или програма за борба против илегалната трговија со луѓе, презадоволни сме, но нашата заедничка операција ќе продолжи. Подготвеноста за обесхрабрување на протокот на овој сообраќај ќе биде максимална во иднина. Разговаравме и за напредокот на процесите на помирување и соработка во регионот. Камерон е цврст поддржувач на овие процеси, рекол Рама. Според него, Обединетото Кралство изразило интерес за нормализирање на односите на Косово и Србија „каде што имаше позитивни чекори, но има стагнација и во иднина постои ризик од враќање назад“. Камерон кој пристигна на пладне, на тиранскиот аеродром беше дочекан од министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, која преку објава на Фејсбук изрази големо задоволство што може да му посака добредојде. -Зачувувањето на евроатлантското единство е од суштинско значење, во светлината на актуелните закани за европската безбедност, вклучително и максимизирање на поддршката за Украина и справување со предизвиците за стабилноста на Западен Балкан, напиша Хасани. Камерон попладнево ќе биде примен од шефот на државата Бајрам Бегај а посетата ја заврши со средбата со Хасани./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓанитеЗавршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа. Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото. -Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација. Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем. Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација. Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времетоЛетното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета какоМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот. Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: зимско сметање на времето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина По средбата со Зеленски во Осло, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф со сет идеи замина кај Путин во Санкт Петербург, во деветти во низа обид да издејствува мир во Украина. Нема детали дали и колкав напредок е направен за ставање крај на петгодишната војна. -Секако, би сакал да ги знам резултатите од состанокот (во Осло). Сакам да ви се заблагодарам вам и на претседателот Трамп за вашето внимание кон прашањата за решавање на кризата во Украина, вклучително и за можната средба во Кина. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија. -Преговорите (во Осло) беа продуктивни и би можел да кажам дека има напредок. Се надевам дека денеска може да биде исчекор кон мировнмиот процес во дискусијата за решение на украинско-рускиот конфликт. , изјави Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп. Но, Виткоф не си заминува од Русија со празни раце, откако договорот за дизелот го доби првиот конкретен епилог. Путин му вети дека првиот танкер гориво со 40 илјади тони ќе тргне кон САД за два дена. Втората придобивка е ослободување на 74-годишниот Американаец Стивен Хабард, кој четири години помина во притвор во Русија, откако бил уапсен во Украина дека наводно се борел на страната на Киев. И двете страни, како што пренесоа руските медиуми, се многу блиску до организирање средба Трамп, Путин, Си Џинпинг за Украина, а на која според најавите, нема да има место за Зеленски, особено откако Трамп му порача дека можеби е време друг да преговара во име на Киев. -Не знам што ќе биде со трилатералниот состанок меѓу САД, Кина и Русија. Од нив зависи. Но секако, ако прашањето е Украина, нашата иднина, тоа може да биде прифатливо, само кога ние сме на преговарачка маса. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Зеленски треба да сака да ја заврши оваа војна. Ако не го стори тоа, ќе виде многу лошо. Сакаме Зеленски да склучи договор, тој може да склучи договор. Можеше да склучи договор пред две години кога го имавме нашиот мал разговор во Овалната соба. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Зеленски денеска соопшти дека САД потворно почначе да споделуваат разузнавачки со Киев, откако минатата недела предупреди дека дел од информациите за руските ракетни напади биле прекинати или недостапни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter