Камерите низ Скопје го „скротија“ сообраќајот - Канал 5

Камерите низ Скопје го „скротија“ сообраќајот

Иако дождливо и со повеќе метеж, сепак порелаксирано, движењето во континуитет, без висока брзина и „пресекување“ на  секој чекор доведе до пораздвижен сообраќај, влијанието на „Safe City“ е веќе видливо по улиците.

Камерите низ Скопје го „скротија“ сообраќајот

Ние во моментов се движиме со 50кмч, како и повеќето околу нас. Улиците на Скопје делуваат побавни, возачите посталожени, одеднаш никој никаде не брза и не е нервозен..

Во обиколката која ја направивме, на градските булевари, застој речиси и да немаше, се забележа повнимателно возење и почесто застанување на пешачки премини.. Во други делови од градот пак, како Чаир и Бит Пазар се уште има побрзо возење, „остри“ престројувања, но и помалку камери во однос на остатокот на Скопје. Некои од граѓаните и ни покажаа дека само денеска добиле пет пораки за прекршоци...

Сепак, повеќето од возачите кои ги анкетиравме го одобруваат овој систем на кој велат дека полека навикнуваат на новото темпо, но бараат што побргу да се реши делот кој би им праќал казни доколку ја надминат предвидената брзина за 2 или 3 кмч. Сепак, сите се согласни дека сообраќајот ќе биде побезбеден.

Некои од нив пак забележаа дека на скопските улици нема соодветна сигнализација, па некогаш велат возат на улиците без да знаат на колку е ограничена брзината.

Кога имаш знаци, тогаш секој возач може да внимава, без знак не можам да знам колку треба да возам. Во целото Скопје не знам колку, ниту еден знак нема.

За поефикасен проток на сообраќајот, проблем остануваат и возачите кои не забележуваат дека се отворило зелено светло, па создаваат колони позади нив на критични сообраќајници. Друг проблем е што некои стари навики се останати, за кои од МВР посочија дека подготвиле решение..

Но, сепак ги има и оние кои што се уште блокираат по една цела лента, но нив ќе ги фотографираат специјални возила на МВР, кои поседуваат камери со 360 степени.

Од МВР посочуваат дека прелиминарните согледувања покажувале дека сообраќајот постепено се смирува и како што изминуваат деновите така „Safe City“ покажува опаѓање на бројот на прекршоци, кој во првото деноноќие покажа од имплементацијата покажа дури над 100.000 прекршоци само во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини објави интимни снимки со Скутер Браун (ФОТО)

По месеци шпекулации, коментари за нивната разлика во годините и бројни јавни реакции, актерката Сидни Свини и продуцентот Скутер Браун повеќе не ја кријат својата врска. 

Сидни Свини објави интимни снимки со Скутер Браун (ФОТО)

Свини објави серија приватни фотографии со Браун на Инстаграм и за прв пат покажа повеќе детали од нивниот заеднички живот.

Фотографии од Австралија

Актерката сподели галерија фотографии од Австралија, каде што моментално снима нов филм, со натпис „мала австралиска депонија“. Меѓу фотографиите од природа, патувања и слободно време, имаше и неколку од неа со Браун, кои го привлекоа вниманието на нејзините следбеници.

На една фотографија, двојката позира пред хеликоптер во елеци за спасување, додека на друга, Браун ја бакнува Свини во образ додека таа се насмевнува пред камерата. Токму оваа интимна фотографија предизвика најмногу реакции.

Од авантури до елегантни изданија

Фотографиите ја прикажуваат двојката во различни ситуации, од адреналински активности до поформални моменти. На некои носат кациги и заштитна опрема, додека на други се облечени поелегантно, Браун во темно одело и очила за сонце, а Свини во фустан.

Посебно внимание привлече фотографијата со која се навратија на познатата сцена од филмот „Титаник“. Браун ја држи Свини одзади додека таа позира со раширени раце, што веднаш ги потсети многу следбеници на иконската сцена од филмот.

Врската повеќе не е тајна

Новата објава доаѓа неколку месеци откако двојката првпат јавно ја потврди својата врска. По првичните гласини во 2025 година, тие се обидоа да ја држат својата врска подалеку од јавноста, но во последните месеци сè почесто споделуваат заеднички моменти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Траект полн со патници се судри со брод во близина на Крит (ВИДЕО)

Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит! 

Траект полн со патници се судри со брод во близина на Крит (ВИДЕО)

Камерите го забележаа моментот кога патничкиот траект „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К“ се судрија во пристаништето Суда, објави Прототема.

Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристанување во пристаништето.

@protothema.gr 🛳️ Η στιγμή που δύο πλοία συγκρούονται στο λιμάνι της Σούδας 🎥 Facebook: flashnews.gr #protothema #news #tiktokgreece #greektiktok ♬ πρωτότυπος ήχος - protothema.gr

Видеото ги прикажува драматичните секунди во кои двата брода се приближуваат еден кон друг на неколку метри, по што се случува судир што не можел да се избегне.

И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени и немало истурање на гориво или загадување на морето.

YouTube video

Товарниот брод бил закотвен во пристаништето по инцидентот во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои се случил судирот.

За двата брода, пловењето е привремено забрането додека не се извршат технички прегледи и не се издаде сертификат за пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Дрон снимил голема бела ајкула долга три метри како плива на само неколку метри од пливачите на плажата Капистрано во Калифорнија.

Огромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Видеото ја прикажува ајкулата како се приближува кон група луѓе, вклучувајќи деца, кои не биле свесни за нејзиното присуство. Сцената ја снимил фотографот Мет Ларманд, пишува Surfer.

Ларманд, кој редовно снима ајкули, рекол дека никогаш не видел ајкула да се приближи толку блиску до луѓето без тие да забележат. Се обидел да ги предупреди од блискиот пристаниште, но тие не го слушнале. Животното си заминало по некое време без инциденти.

Снимка од воздух

Ваквите средби се вообичаени во Јужна Калифорнија, особено во лето. Крис Лоу, директор на Лабораторијата за истражување на ајкули во Калифорнија Стејт Лонг Бич, објаснува дека областа служи како еден вид „детска градинка“ за млади големи бели ајкули. Тие учат да ловат таму и често се движат околу луѓето.

Лоу истакнува дека ајкулите генерално не се заинтересирани за луѓето. „Во повеќето случаи, ајкулите едноставно ги игнорираат луѓето. Тие пливаат веднаш до нив, а луѓето дури и не знаат дека се таму. Имаме многу докази што покажуваат дека тие не се вистинска закана, туку само си ја вршат својата работа“, рече тој.

Додаде дека однесувањето на животното не треба да се толкува како демнење. „Не е како ајкулата да ги следи или да ги лови. Само ги проверува. Како да шетате по улицата, да гледате нешто ново во соседството и да одите и да го проверувате. Тоа е она што го прават овие ајкули“, објасни Лоу. И покрај честите блиски средби, нападите се исклучително ретки и повеќето ситуации завршуваат мирно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер