Каменот кој ќе го одберете ќе ви донесе порака за тоа што ве чека во блиска иднина - Канал 5

Каменот кој ќе го одберете ќе ви донесе порака за тоа што ве чека во блиска иднина

Одделете неколку секунди и внимателно погледнете ја оваа слика. Не размислувајте предолго, едноставно одберете го оној камен кој најмногу ви се допаѓа.

Каменот кој ќе го одберете ќе ви донесе порака за тоа што ве чека во блиска иднина
Камен број 1 – Опал. Него го нарекуваат и „месечевиот камен“. Фактот дека го одбравте токму него, укажува на тоа дека сега најмногу ви е потребен одмор од градската бука и врева. Чувствувате потреба да се исклучите и на одредено време да заборавите на проблемите.
Потребно ви е време да ги средите своите чувства. За вас би било најдобро во се во следните неколку дена и недели да отпатувате некаде на краток одмор, каде има малку туристи и доста убави места. Ако не можете да си го дозволите тоа, сеедно испланирајте барем продолжен викенд. Се на се, пронајдете време за одмор.
Камен број 2 – Малахит. Овој ваш избор укажува дека во блиска иднина ве очекуваат големи животни промени, особено оние кои ќе носат длабок духовен карактер. Исто така, можете да искусите и доживеете големи изненадувања во личниот живот.
Сега е идеално време да ја прекроите мапата на својот живот. Ѕвездите ви се наклонети. Само напред.
Камен број 3 – Сончев камен. Тоа што вашето чувство ве донесе кон него, значи дека сте неповторлив оптимист. Иднината ви е светла и силна. За вас е добро во блиска иднина да поминувате време надвор, без оглед на временските услови.
Ве очекуваат среќни мигови и средби доколку времето го поминувате надвор од домот. Продолжете да ја апсорбирате големата сила на Сонцето и храбро чекорете напред.
Камен број 4 – Обсидијан. Ако вниманието го насочивте кон овој камен, значи дека вашата потсвест се обидува да ви каже дека е дојдено време на промени. Во следните денови треба да се ослободите од стегите на старите навики, и чекор по чекор, да почнете да создавате нов живот. Најдоброто време за нов почеток е – сега!
При тоа на патот кон промените, обидете се да чувствувате благодарни за се што имате. Немојте да бидете љубоморни. Не завидувајте. Потрудете се и мое да бидете сигурни: вашиот нов начин на живот ќе ве донесе до саканите резултати.
Камен број 5 – Пети елемент е каменот со назив Ховилт. Ако ве привлекува овој камен, значи дека сте личност која умот секогаш го држи отворен. Во секоја дискусија сте подготвени да ги разберете (сослушате и разберете) аргументите на противникот. И тоа ви дава уникатна способност било која ситуација да ја согледате од сите можни агли.
Вие сте доста чувствителна личност. Одлично разбирате што другите се обидуваат да ви кажат Во блиска иднина морате под итно да почнете да мечтаете и визуализирате. Затоа што се што ќе го испланирате во следните 30 дена – судено е да ви оствари.
Камен број 6 – Далматинец. Ако го одбравте, значи дека сте весела и оптимистична личност. За вас е важно животот да продолжи како една убава игра. Во следните месец дена, не би било лошо да испланирате нови авантури, па дури и да стекнете нови пријатели. Времето е идеално за тоа. Што и да започнете во овој период – осудено е на успех.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер