Камчатка погодена од земјотрес од 8,8 степени: Нема жртви и големи штети, помина опасноста од големо цунами - Канал 5

Камчатка погодена од земјотрес од 8,8 степени: Нема жртви и големи штети, помина опасноста од големо цунами

Рускиот полостров Камчатка на делечниот исток утрово беше погоден од моќен земјотрес од 8,8 степени според Рихтерова скала, еден од четирите најсилни овој век. 

Камчатка погодена од земјотрес од 8,8 степени: Нема жртви и големи штети, помина опасноста од големо цунами

По земјотресот и цунамито кои ја погодија руска Камчатка, еруптираше Кључевскаја Сопка – највисокиот и еден од најактивните вулкани на полуостровот, потврди камчатската подружница за геофизички служби на Руската Академија на Науките. По информациите кои се објавени, жешката лава тече по западната падина на вулканот, а над вулканот се гледа силен сјај и се слушаат експлозии. Претходната недела било препорачано и да не се посетуваат неколку вулкани во тој регион, меѓу кои се наоѓа и овој.

Полуостровот Камчатка се соочи и со земјотрес со речиси девет степени според рихтер кој подоцна предизвика и цунами. Според последните информации, загинати во земјотресот и цунамито нема, освен неколку полесно повредени лица. Потресот придонел кон оштетување на неколку згради и урнал ѕид од градинка, но паднал таван од аеродром во погоденото подрачје. Цунамито подоцна се проширило кон Јапонија кадешто е поплавен дел од источниот брег – од најсеверниот остров Хокаидо, до поголемиот дел од главниот остров Хоншу, вклучително и во близина на Токио. Брановите од цунамито ги погодија и Алјаска и Хаваи, но последиците од потресот ги чувствуваат и неколку земји од пацификот. Како што велат експертите, ваков земјотрес немало во последните 14 години.

„Беше многу, многу голем земјотрес. Во 2011 година го имавме земјотресот во Саи, Јапонија и секако знаеме каков беше резултатот. Но, знаете, секој земјотрес, секое цунами е различно, па затоа само започнуваме да надгледуваме од станиците за нивото на морето и се надеваме дека нема да ги видиме истите последици како што ги видовме во земјотресот во 2011 година кој беше дури и поголем од овој.“

Руските специјалисти велат дека ова е еден од најмоќните потреси во тој регион од 1952 година а земјотресот се вбројува во најсилните шест на сите времиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер