3Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул
Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
2Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
СветКамчатка погодена од земјотрес од 8,8 степени: Нема жртви и големи штети, помина опасноста од големо цунамиВонредна состојба е прогласена во рускиот Северо-Курилскиот округ поради цунами кој го предизвикал земјотрес утринава. Земјотресот кој го потресе полуостровот Камчатка бил со јачини од речиси девет степени на рихтеровата скала и предизвикал цунами кој достигнал висина околу пет метри и се проширило и кон Јапонија. -Нашите колеги од министерството за екологија дека брановите на цунамито се проценуваат дека биле високи 3 до 4 метри. Затоа, повторно апелирам до сите да останат подалеку од бреговите секогаш кога е објавена закана од цунами,- -Сергеј Лебедев . За среќа досега загинати нема, освен неколку полесно повредни лица. Потресот предизвикал оштетување на неколку згради, урнал ѕид во градинка, а паднал и таванот на аеродром во погоденото подрачје. Во Јапонија оштетени се неколку фабрики, а брановите од цунамито поплавија дел од источниот брег – од најсеверниот остров Хокаидо, до поголемиот дел од главниот остров Хоншу, вклучително и во близина на Токио. Речиси два милиони луѓе во 21 префектура се под локални предупредувања за евакуација, а некои жители на Хокаидо се качуваат на покриви на згради за да избегаат од надојдената вода.. Како што велат експертите, ваков силен потрес немало во последните 14 години по земјотресот во Јапонија. Беше многу, многу голем земјотрес. Во 2011 година го имавме земјотресот во Саи, Јапонија и секако знаеме каков беше резултатот. Но, знаете, секој земјотрес, секое цунами е различно, па затоа само започнуваме да надгледуваме од станиците за нивото на морето и се надеваме дека нема да ги видиме истите последици како што ги видовме во земјотресот во 2011 година кој беше дури и поголем од овој.- -Криста Фон Хилебранд. Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на американците да бидат во состојба на готовност поради опасноста од цунами, а првите бранови веќе ги погодија Хаваи и Алјаска. Последиците од потресот ги чувствуваат и неколку земји околу пацификот.Тагови: земјотрес цунами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДвајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - ПрилепТешка сообраќајна несреќа вчера се случила на патот Градско - Прилеп пред исклучокот за Кавадарци. Според билтенот на МВР, во судирот во кој учествувале две возила со прилепски таблички загинале две лица. -На 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило ,,шкода" и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило ,,голф", констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е нормализиран во 17:00 часот., информираат од МВР.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНикола Јокиќ го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!НБА се соочува со нов финансиски тектонски пресврт, а епицентарот на „потресот“ повторно е во Колорадо. Еден од најдобрите светски кошаркари во последната деценија, Србинот Никола Јокиќ, главната ѕвезда на Денвер Нагетс, на 31-годишна возраст е пред потпишување договор што ќе го редефинира концептот на богатство во светскиот спорт и ќе ги сруши сите претходни рекорди. Според најновите проекции од јавната сцена преку океанот, Јокиќ е виден како првиот играч во историјата на кошарката што ја сруши магичната бариера од 70 милиони долари годишна плата. Иако Нагетс претрпеа тежок удар годинава и беа елиминирани уште во првото коло од плејофот од Минесота, раководството на клубот нема дилема, иднината на франшизата е сто проценти врзана за трикратниот МВП Никола Јокиќ. Пред популарниот Џокер се две опции за продолжување на својата лојалност кон Денвер, двете носат огромни финансики средства. - Договор со Супермакс: Доколку ја одбие опцијата за сезоната 2027/28, Никола може да потпише нов четиригодишен договор вреден астрономски 278 милиони долари. Со просечна плата од 69,5 милиони, Јокиќ би го симнал од тронот досегашниот најплатен кошаркар во НБА, ѕвездата на Тандер, Шаи Гиљус-Александар . -Вториот, пократок пат вклучува активирање на постоечката опција со тригодишно продолжување во вредност од 214 милиони долари. Во ова сценарио, Јокиќ веднаш го пробива споменатиот лимит и станува првиот човек во историјата на лигата што собрал над 70 милиони долари за само една сезона.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Истанбул: Учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете државиДенеска во работна посета на Истанбул, Република Турција, учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави., објави на својот фејсбук, премиерто Христијан Мицкоски. Во своето обраќање истакнав дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции. Посочив дека Македонија денес се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски зони и пристап до регионалните и европските пазари. Турските компании преку инвестирање во Македонија добиваат можност да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироки пазари. Нагласив дека нашата цел е да градиме долгорочни партнерства кои ќе создаваат нови работни места, поголем економски раст и заеднички успех. Ги поканив турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија, држава која има јасна визија за иднината, отворена врата за нови инвестиции и силна определба за економски развој, стои во објавата на Мицкоски.Тагови: турција Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15