Камбовски се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите - Канал 5

Камбовски се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите.

Камбовски се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешната 532. Седница на Судскиот совет, Камбовски посочи дека местото во каде што беше колешката Елизабета Дуковска е место коешто го предлага Судскиот совет, а додека во поглед на судијката, професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, тие немаат никакви ингеренции и таа оди преку Собрание.

- Имавме повеќе одржани работни состаноци во Судскиот совет, имавме различни мислења, и мислам дека сме пред усогласување на тие различни мислења, за да може да го ставиме како точка на дневен ред. Имаше разлики во смисла дали треба повторно да ги прегласуваме истите кандидати, ако се земе предвид пресудата на Управниот суд, дали да се оди директно на нов предлог, а овие да не се земаат предвид, и тука беа различните мислења, изјави Камбовски.

Советот, посочи Камбовски е колективно тело и за да го ставаме за точка на дневен ред, мора од прилика ние да сме усогласени.

- Мојата желба беше уште вчера да предложиме, меѓутоа јас не сум сам, ние тука сме колективно тело и мора да имаме најмалку осум гласа за да дадеме предлог, изјави Камбовски.

Во однос на Судскиот совет, со оглед дека на двајца членови сега им истекува мандатот, Камбовски вели дека остануваат 10 и дека имаат кворум за работа.

- Судијата Халиф Зендели заминува во февруари, меѓутоа огласот е во тек, така што, таму нема да имаме празен простор, изјави Камбовски.

Камбовски, исто така, рече дека ги очекуваат и предлозите на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и новиот Закон за Судски совет, кој на многу повисоко ниво дефинира што е истакнат правник, посочувајќи дека ја разбира одлуката на Претседателката, и мисли дека е правична одлука бидејќи тоа е дел и од реформските чекори коишто треба да ги преземеме.

- Законот за Судски совет го очекуваме. Знаете дека тој е реформски закон. Помина на Венецијанската комисија. Јас ја разбирам потполно Претседателката, зашто го чека новиот закон, бидејќи начинот на и критериумите и објаснувањето, што е истакнат правник во овој нов закон, што допрва треба да се донесе, се навистина на едно европски, многу повисоко ниво подигнато од тоа што било претходно. И шансите да дојде член во Судскиот совет којшто не би можеле да го сврстиме како искусен правник, се сведени на минимум, изјави Камбовски.

Прашан до каде се постапките за избор на нови претседатели на судови, Камбовски, рече дека веќе имаат објавено огласи за претседател на Управен суд, за Кривичен Скопје и за Виш управен суд.

- Знаете дека со текот на изборите се беше запрено. Сега сите постапки што ни беа запрени веќе комисиите работат. Имаме објавено оглас за претседател на Управен суд, за Кривичен Скопје, имаме оглас за Виш управен суд. Па сите ми се чини дека се при крај. Дали ќе стигнеме до крајот на оваа година, ако стигнеме, сите тие ќе бидат поминати на седница, изјави Камбовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце

Денеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.

Мицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце

Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија.

Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)

Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии.

Над 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)

Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии, еден месец пред парламентарните избори, додека левицата ја обвинува десницата дека сака да го отвори патот за делумна приватизација на системот.

„Гарантирани пензии“ и „Заштитете ги“ беа напишани на транспаренти што ги држеа некои од демонстрантите. Околу 25.000 луѓе протестираа, според податоците што градската администрација на Мадрид ги достави до АФП.

Демонстрант: Младите се разбудија

Хуан Фернандез (38), државен службеник во Севиља, рече дека живее „во неизвесност“ за својата идна пензија и се спротивставува на реформата на системот, која, според него, би ја отворила вратата за приватизација во која би имало и победници и губитници.

„Пензиите мора да бидат недопирливи!“ додаде Пилар (64), кој е пред пензионирање, жалејќи се на „општата тенденција кон приватизација“.

Таа, исто така, го поздрави фактот дека „прашањето за домувањето предизвика силна мобилизација“ во последните недели, особено кај младите луѓе кои, како што рече, „се разбудија“ и повика на „одбрана на сите јавни услуги“, како што се „образованието и здравството“.

Лидерот на десничарската опозиција: Ќе ги зголемиме пензиите ако победиме

Во понеделник, лидерот на десничарската опозиција Алберто Нуњез Фејоо објави дека неговата Народна партија (ПП) ќе ги зголеми пензиите во согласност со законот ако победи на предвремените парламентарни избори на 29 ноември.

Притоа, тој одговори на обвинувањата од владата на премиерот Педро Санчез од Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ), која тврди дека ПП сака да го реформира пензискиот систем со оспорување на сегашниот механизам за индексирање на пензиите со инфлацијата, кој стапува на сила од 1 јануари 2022 година.

На крајот на 2021 година, ПП гласаше против тој закон, критикувајќи ја неговата цена за државниот буџет. Во Шпанија, просечната пензија во септември изнесуваше 1.576 евра месечно, според податоците од Министерството за социјално осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј.

Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство.

По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење.

Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент.

Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство.

На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората.

Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ.

Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија.

Македонска православна општина за Мелбурн и Викторија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер