Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови - Канал 5

Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

Камбовски подвлече дека прашањето за националните идентитети, јазици и култура не може да биде предмет на билатерални спорови или на идеолошки различни пристапи.

Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ, туку за нив да владее принципот на добра волја, добросовесност и поддршка на другите земји, да се решаваат низ комуникација, низ културен и научен дијалог, низ културна соработка, за да се создадат мостови на пријателство и разбирање меѓу народите. На тоа како наука и уметност мора и треба да влијаеме. Треба да создадеме клима во која ќе можат и политичарите да ги градат тие мостови на соработка, порача денеска академик Владо Камбовски од 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE).

Во обраќањето на Конгресот што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Камбовски подвлече дека прашањето за националните идентитети, јазици и култура не може да биде предмет на билатерални спорови или на идеолошки различни пристапи зашто, како што напомена, се работи за елементарни, фундаментални човечки вредности.

-Правото на самоопределување на поединците и народите е природно право и тоа не можете да го дискутирате или да го ставате во рамки на некои формални договори меѓу државите - дали ги прзинавате или не ги прзинавате, потенцира академик Камбовски.

Според него, Македонија и Бугарија во однос на спорот засега разговараат на лош начин, само преку еден канал - политичкиот, наместо да ги користат и останатите канали како науката и културата.

- Треба упорно да работиме, да бараме комуникации - научни, културни и други за „очи во очи“ да ги расчистуваме работите. Ние сега сме закопани на две различни страни. Разговараме на лош начин за овие прашања, користејќи го само политичкиот канал кој е само еден од каналите, а го запоставуваме овој, другиот канал. Кога би работел другиот канал кој смета на тоа дека, да речеме, научната средина и кај нас и во Бугарија мора да се држи за своите освештени правила, а тоа е вистината, треба да се бори, и ние, па и Бугарите, за она што е вистина. Не можеме да ја политизираме науката како што има тенденции да се политизира или да се инструментализира за остварување на вакви или онакви цели. Прашањата на спорења за јазици, за корените и слично треба да се остават на науката, таа треба да расправа за нив. Нема прашања кои не може да биде предмет на науката, може да постојат различни стојалишта и постоеле секогаш, па дури и спорења, а има и непрестани спорења стотици години околу одделни прашања во науката, потенцира Камбовски.

Тој потсети дека ЕУ даде поддршка преку Планот за раст на Западен Балкан и ние треба да ја искористеме таа шанса.

-Треба да ги забрзаме реформите кои се на линија на Копенхашките критериуми за да имаме тука силни аргументи. Ние имаме аргументи за тоа кои критериуми сме ги исполниле, но тие не се доволно убедливи и силни. Имаме партизација, висока корупција, култура на неказнивост, немаме демократски дијалог. Сетоа тоа мора да го подигнеме на потребно ниво за да ја зајакне нашата позиција утре, да се создаде преќутна обврска за другата страна да застане на наша страна, да не поддржи, да каже „па чекајте, вие си играте со држава“. Во спротивно, ако застанеме тука, само ќе им дадеме дополнителни аргументи и на Бугарија и на која било друга земја, утре да користи вето или други пречки за нашиот пат кон ЕУ, истакна академик Камбовски.

Осврнувајќи се на Југоисточна Европа (ЈИЕ), укажа на потребата од што поголема соработка посебно во областа на културата, науката и знаењето за на тој начин, како што нагласи, да се релаксираат постоечките тензии.

-Ние, како регион, проширувањето треба да го поврземе, во прв ред, развивајќи ги односите во областа на културата, науката, знаењето за на тој начин да ги релаксираме тензиите што постојат меѓу одделните држави и нерешените проблеми: има отворени проблеми со подобрувањето на односите меѓу Косово и Србија, фрагментаризацијата на БиХ и ветото од една земја-членка, Бугарија над Република Македонија. Во однос оосбено на ова прашање, ние мораме како наука, уметност да влијаеме и треба да влијаеме таквите прашања кои се поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамништето на вето и условувања за членство во ЕУ, туку дека треба да владее принципот на добра волја, добросовесност, поддршка на другите земји, а евентуалните такви спорови околу идентитетските прашања да бидат решавани низ комуникација, културен и научен дијалог, културна соработка, за да се создадат мостови на пријателство и разбирање меѓу народите. Да создадеме клима во која ќе можат и политичарите да ги градат тие мостови на соработка, поаѓајќи од тоа дека прашањето за националните идентитети, јазици, култура, не може да биде предмет на билатерални спорови или на идеолошки различни пристапи зашто се работи за елементарни, фундаментални човечки вредности. Правото на самоопределување на поединците и на народите е природно право и тоа не можете да го дискутирате или да го ставате во рамки на некои формални договори меѓу државите - дали ги прзинавате или не ги прзинавате, рече Камбовски.

Политиката на проширувањето, смета академик Камбовски, сега е под влијание на два клучни момента. Првиот, објасни, е проширувањето сфатено како континуитет на европската заложба да ги развива своите фундаменти како заедница (владеење на право, сигурност,..), а вториот момент е да се позиционира во новиот светски поредок согласно гео-политичките случувања.

На отворањето на Конгресот се обрати и заменик-претседателот на МАНУ Витомир Митевски. Тој порача дека во време кога светот минува низ голема трансформација и низ значајни економски и политички промени, регионот треба да ги задржи заедничките врски.

Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE) е формирана во 1963 година, со седиште во Париз. Функционира под покровителство на УНЕСКО и во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои национални комитети. Конгресите на AIESЕE се одржуваат секои пет години, а Скопје годинава прв пат е домаќин. 13. Конгрес ќе трае од 15 – 19 септември и го организира Македонскиот национален комитет на AIESЕE при МАНУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!

Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. 

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!

Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија.

Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.

Да ги потсетиме граѓаните на низата случаи кои бараат одговорност:

1. АЛТА БАНКА – ДОКУМЕНТИТЕ ГОВОРАТ!

Министрите на ДУИ во Владата предлагале и поддржувале одлуки со кои се овозможувала соработка меѓу државата и Алта Банка од Белград. Јавноста има право да знае кои биле мотивите за ваквите одлуки и какви интереси стоеле зад нив.

2. ДАКА ДАВИДОВИЌ ВО ТЕТОВО!

ДУИ беше дел од власта која го отвори патот за проектот на Дака Давидовиќ во Тетово. Лице кое подоцна се најде на американската листа на санкции поради сомнежи за корупција и незаконски активности.

3. МТЕЛ – СРПСКИОТ ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА!

Во времето кога ДУИ управуваше со државата, на македонскиот пазар влезе МТЕЛ, дел од Телеком Србија. Уште еден пример за отворање на простор за српски државен капитал во државата.

4. ОТВОРЕН БАЛКАН – ПРОЕКТОТ НА ВУЧИЌ!

Али Ахмети беше меѓу најгласните поддржувачи на Отворен Балкан, проект предводен од Александар Вучиќ, кој Косово континуирано го оспоруваше и го сметаше за штетен за своите интереси.

5. НЕУСПЕШНИОТ ТЕНДЕР НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Во времето кога Државната лотарија беше раководена од близок соработник на Артан Груби, тендерот за онлајн игри на среќа беше насочен кон српски и црногорски компании. Наместо транспарентност и заштита на јавниот интерес, јавноста доби уште една контроверза поврзана со бизнис интереси од соседството.

6. СРЕДБИТЕ СО СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ!

За време на мандатот на Бујар Османи како министер за надворешни работи беа реализирани бројни средби со претставници на српските институции. Граѓаните имаат право да знаат какви договори и какви резултати произлегле од тие контакти.

ПРАШАЊЕТО Е ЕДНО И ЈАСНО: КОЛКУ ДОКАЗИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА АЛИ АХМЕТИ ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ?

Од Алта Банка, преку Дака Давидовиќ, МТЕЛ, Отворен Балкан и спорните тендери, се создава слика за континуирана политичка и деловна поврзаност која заслужува темелна институционална проверка и политичка одговорност.

Али Ахмети треба да поднесе оставка од претседателската функција во ДУИ и да се повлече од политиката. Време е да престане да ја држи партијата и нејзината иднина како заложник на сопствените политички интереси.

Ги повикуваме сите чесни членови на ДУИ, но и политичките фактори кои сè уште имаат соработка со ова раководство, да се дистанцираат од овие политики и практики.

Никој не смее да биде соучесник во срамот што ѝ се нанесува на албанската политичка кауза и на иднината на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Премиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. 

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии.

Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот.

Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска.

Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост?

Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете.

Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва?

„Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ.

Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“.

Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата.

Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери.

Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација.

Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер