3СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЖивотКамбоџа: Сакал да има секс со мртва девојка, па заспал во сандакот Маж од Камбоџа бил пронајден во откопан гроб каде била погребана девојка претходниот ден. После ископувањето бил толку многу изморен, што заспал во сандакот.Чин Чен (47) од Камбоџа е осомничен за некрофилија, благодарение на локалното население кои забележале стапало како „ѕирка“ од гробот, па го алармирале семејството на покојната девојка чиешто тело било погребано таму. Чен пред полицијата рекол дека присуствувал на погребот на 17 – годишната девојка, а после тоа, истата вечер се вратил и го откопал гробот. Полицијата го уапсила и го сослушала. „Да, се обидов да имам секс со неа, но не можев затоа што сандакот беше премал“, се бранел Чен и потврдил дека потоа од умор заспал. Тој моментално е во притвор и очекува кривична пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотУдар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становитеГрадскиот совет на Њујорк предложи закон според кој поседувањето или користењето батерии за електрични велосипеди и скутери што не ги исполнуваат безбедносните стандарди би се третирало како тешко кривично дело,.Градскиот совет на Њујорк предложи закон според кој поседувањето или користењето батерии за електрични велосипеди и скутери што не ги исполнуваат безбедносните стандарди би се третирало како тешко кривично дело, а исто така би се забранило и чувањето на такви батерии во станови. Градските власти предложија нови мерки поради порастот на бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии во станбените делови на Њујорк. Според „Њујорк тајмс“, од почетокот на годината досега, бројот на вакви пожари е за околу 70 отсто поголем во споредба со истиот период минатата година. Претставници од администрацијата на градоначалникот Зоран Мамдани, како и од Противпожарната служба на Њујорк, упатија критики кон предлозите за построги законски ограничувања. Тие наведуваат дека ваквите мерки би ги казниле луѓето што секојдневно користат електрични велосипеди и скутери за патување, како и доставувачите со ниски примања. Извештај на Комисијата за безбедност на потрошувачки производи на САД, објавен во април, утврди дека во периодот од 2017 до 2024 година, во Соединетите Држави се случиле 45 смртни случаи поврзани со пожари предизвикани од литиум-јонски батерии. Од нив, 19 се поврзани со електрични велосипеди, 15 со електрични тротинети, а 11 со самобалансирачки скутери, познати и како „ховерборди“. Проблемот е особено изразен во Њујорк, каде што бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии оваа година достигна рекордно ниво. Според податоците на противпожарната служба, на кои се повикува Градскиот совет, до почетокот на ноември биле регистрирани 406 вакви пожари, во споредба со 241 пожар во истиот период минатата година.Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
СветОбјавен план за примирје меѓу Украина и РусијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Држави работат на постигнување поширок прекин на огнот меѓу Украина и Русија.Целта е да се прошират претходните хуманитарни договори што овозможија евакуација на цивили од воените подрачја. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп ја истакна улогата што првата дама Меланија Трамп ја имаше во претходните хуманитарни иницијативи. Според него, Вашингтон сега се обидува да примени сличен модел на многу поголема територија. „Беше прекрасно. Тоа беше прекин на огнот. Луѓето беа евакуирани од градовите и населените места, што веројатно им ги спаси животите. Сега работиме на верзија од тоа, но во поголеми размери“, рече Трамп. Американскиот претседател не изнесе детали за тоа како би функционирало новото примирје, кои области би ги опфатило, ниту пак дали Русија и Украина веќе се согласиле на американскиот предлог. Трамп, исто така, ја пофали Меланија Трамп за нејзиниот ангажман во хуманитарни иницијативи и за соработката со официјални лица и посредници вклучени во евакуацијата на цивили. „Сега преминуваме кон поширок формат“, рече американскиот претседател. Според „Фајненшал тајмс“, администрацијата на Трамп се обидува да постигне договор за ставање крај на војната до почетокот на јануари, пред демократите да го преземат мнозинството во двата дома на американскиот Конгрес. Демократите ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот по победата на изборите на 3 ноември, што би можело да го промени политичкиот контекст во кој Трамп ги води преговорите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука.Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од 1908 година означи пресвртница и нова фаза во развојот на албанската нација, преку образование и култура на унифициран албански јазик. Јазикот е основниот белег на националната посебност. Тој е најсилниот инструмент за градење и изразување на колективната меморија на еден народ, неговото духовно наследство и искуство. Албанскиот јазик, вам Албанците ви овозможи да изразите почит кон претците, но и одговорност кон потомците. Во македонското мултикултурно општество и демократски политички систем, Албанците и албанскиот јазик имаат долга традиција на постоење во уставниот, политичкиот, економскиот, образовниот, научниот, културниот, спортскиот, медиумскиот, забавниот и секојдневниот живот. Дозволете ми како претседателка на државата, да изразам став дека наша заедничка должност е да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите, третирајќи ги како трајни општествени вредности. Посакувам 22 Ноември да не биде само ден на сеќавање, прослава и гордост, туку и поттик за нови образовни, научни и културни дострели на албански јазик! На сите граѓани Албанци им упатувам искрени честитки по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука! Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook