Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти - Канал 5

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти

 Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4 проценти, одлучи на седница Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка.

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти

На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи утре, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а за наредните аукции ќе се утврдува согласно со проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.

Просечната стапка на инфлација за цела 2025 година изнесува 4,1 процент, а НБ истакнува дека нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму е во фокусот на монетарната политика.

Според НБ, по растот на БДП од 3,8 проценти во третиот квартал од 2025 година, податоците за четвртиот квартал од 2025 година засега упатуваат на понатамошен раст на економската активност, којшто благо би забрзал според последните проекции.

Нивото на девизните резерви на крајот на јануари 2026 година е повисоко во однос на крајот на 2025 година, додека според податоците за надворешнотрговската размена во четвртиот квартал од 2025 година трговскиот дефицит е малку повисок од очекувањата според октомвриската проекција.

Прес-службата на НБ во соопштение за седницата на Извршниот одбор вели дека одлуката да се задржи основната каматна стапка на постојното ниво е во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување.

- Задржувањето на внимателниот пристап при водењето на монетарната политика произлегува од потребата за стабилизирање на инфлацијата близу до долгорочниот просек, од динамичната кредитна активност, домашните политики коишто влијаат врз побарувачката, како и од присутните надворешни ризици поврзани со тековната неизвесност во светските трговски политики и геополитички тензии. Се очекува дека досегашните измени кај задолжителната резерва, кај макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка, како и одлуките поврзани со управувањето со системските ризици ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Комбинираното дејство на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици, соопшти НБ.

Оттаму велат дека просечната стапка на инфлација за целата 2025 година изнесува 4,1 процент, под влијание на промените на цените кај базичната и кај прехранбената компонента.

- Остварувањата кај инфлацијата се близу до октомвриската проекција, но таа и понатаму е над историскиот просек, поради што нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму е во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во нагорна насока. Ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани со променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка, укажува централната банка.

На крајот на јануари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.600,5 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година, што, посочува НБ, според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар во јануари упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто засега се малку пониски од очекувањата за првиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена во четвртиот квартал од 2025 година упатуваат на трговски дефицит којшто е малку повисок од очекувањата според октомвриската проекција.

- Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП забрза и изнесува 3,8 проценти на годишна основа, што е малку над оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2025 година засега упатуваат на понатамошен раст на економската активност, којшто благо би забрзал според последните проекции. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти се едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст, се вели во соопштението.

Во однос на движењата во монетарниот сектор, првичните податоци за депозитите и кредитите на банките за јануари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките, но и на динамична кредитна активност, чиишто годишни стапки на раст засега се над очекувањата за првиот квартал од годината.

- Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, којшто е усогласен со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка е подготвена да ги користи сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, информира прес-службата на НБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се поместуваат за еден час наназад

Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќеска во 3:00 часот, со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад.

Од ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се поместуваат за еден час наназад

Летното сметање на времето оваа година завршува во недела, 25 октомври, во 3:00 часот наутро, кога часовниците треба да се поместат за еден час наназад, на 2:00 часот наутро.

Македонија го следи стандардното централноевропско време (CET, UTC+1), додека во текот на летниот период се користи централноевропско летно време (CEST, UTC+2).

Оваа практика е во согласност со повеќето европски земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори „Орловото гнездо“ на Хитлер, уапсен е осомничениот (ВИДЕО)

Германската полиција соопшти дека привела осомничен откако избувнал пожар во историска планинска структура позната како „Орловото гнездо“, која ја користеле како место за одмор нацистичките функционери, вклучувајќи го и диктаторот Адолф Хитлер.

Гори „Орловото гнездо“ на Хитлер, уапсен е осомничениот (ВИДЕО)

Околу 200 пожарникари и работници за итни случаи се бореле со пожар во областа Берхтесгаден во јужната германска покраина Баварија во петокот, откако зграда позната како Келштајнхаус се запалила, соопшти полицијата.

Според снимките од метеоролошките камери, пожарот сè уште беснеел во зградата во раните утрински часови во саботата.

Фотограф на АФП објави дека полицијата го блокирала пристапот до патот што води до местото, додека на самиот врв паѓал снег.

Полицијата го привела осомничениот, а причината за пожарот се истражува

Во соопштението, полицијата наведува дека истражува дали осомничениот, кој бил приведен во близина на местото на настанот, е поврзан со пожарот.

Во моментов нема информации за можен мотив.

Полицијата додаде дека никој не е повреден.

Според полицијата, детектор за чад во зградата го активирал противпожарниот аларм во петокот околу 21:50 часот. локално време.

Пристигнувајќи на местото на настанот, пожарникарите забележале пламен како се крева високо во воздухот. Кога пристигнале, ја нашле зградата „целосно зафатена од пламен“.

Пристапот до локацијата - која се наоѓа на надморска височина од 1.834 метри надморска височина - како и самото гаснење на пожарот, претставувале голем предизвик, изјави портпаролката на полицијата Лиза Мајер.

„Влегувањето во зградата е можно само со употреба на тешка заштитна опрема за дишење“, објасни таа.

Историска зграда изградена за нацистички службеници

Изградена во 1938 година како куќа за гости за нацистички службеници и нивните гости, имотот е сместен во спектакуларен алпски пејзаж и е одвоен од блиската летна резиденција на Хитлер, позната како Бергхоф.

Денес, Келштајнхаус е во сопственост на сојузната покраина Баварија, а по војната е прогласена за историски споменик што потсетува на нацистичкиот период.

Службите за итни случаи не пронајдоа никого во зградата.

„Кривичната истрага е во тек“, рече Мајер.

Недолго откако избувнал пожарот, „сомнително лице го привлече вниманието на истражителите“, објави полицијата.

Според германскиот таблоид „Билд“, полицајците наишле на мотоциклист кога пристигнале на местото на настанот.

Зградата ја преживеала Втората светска војна без штета

Зградата, позната по голем број повоени американски филмови, нуди исклучителен поглед на живописниот планински пејзаж - остра спротивност со ужасите на Третиот рајх, чии антисемитски, расистички и експанзионистички политики предизвикаа смрт на милиони луѓе и доведоа до холокаустот.

Изградена од камен и гранит, зградата била дизајнирана да импресионира странски дипломати.

Зградата ја преживеала Втората светска војна без никаква штета.

Тука работи ресторан од 1952 година, а на локацијата е отворена изложба која ја прикажува историјата на зградата.

Туристите можат да стигнат до локацијата само со автобус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Словачка се одржуваат локални и регионални избори

Гласачките места во Словачка се отворија утрово во 7:00 часот за локални и регионални избори, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.

Во Словачка се одржуваат локални и регионални избори

Речиси 4,41 милиони луѓе имаат право на глас, а гласањето се одвива на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и градски окрузи, објави TASR.

Гласачите избираат градоначалници, членови на општински и градски совети, претседатели на самоуправни региони и членови на регионални собранија.

Во Братислава и Кошице се избираат и претседатели на градски окрузи и членови на нивните совети.

Мандатот на избраните претставници трае четири години, а граѓаните можат да гласаат само во местото на нивното постојано живеалиште.

Покрај возрасните граѓани на Словачка, право на глас имаат и странски државјани со постојано живеалиште во таа земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер