Калас за воената парадата во Москва без тенкови: Тоа многу зборува за состојбата во која е Русија - Канал 5

Калас за воената парадата во Москва без тенкови: Тоа многу зборува за состојбата во која е Русија

Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, оцени дека одржувањето на парадата на победата во Москва без тешко вооружување ја одразува реалната состојба на руската инвазија врз Украина.

Калас за воената парадата во Москва без тенкови: Тоа многу зборува за состојбата во која е Русија

„За првпат по многу години, московската парада на победата ќе се одржи без тешка воена опрема. Тоа кажува многу за текот на војната за Русија“, изјави Калас. Таа додаде дека „суровата математика од бојното поле“ покажува оти Русија губи рекорден број војници и дека не успева да ги оствари своите воени цели, што станува сѐ поочигледно.

Руското министерство за одбрана претходно потврди дека парадата на 9 мај ќе се одржи без воена техника, правдајќи ја одлуката со „тековната ситуација“. Овој настан традиционално ја одбележува Советската победа над нацистичка Германија во 1945 година, но во последните две години е под силно влијание на тековниот конфликт во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија.

Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори.

На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?

На заедничка прес конференција во Скопје, во Владата, Претседателката на Европската комисија кажа: местото е во Унијата. Останува еден чекор - да се отвори првиот кластер, Основи. 

СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?

И рече јасно: Европа ја пречекува С.Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик.

Културата и јазикот ја прават Унијата побогата.

Мотото е различност и обединетост.

Тоа е реченицата што Мицкоски во кампањата ја продаваше како предадена. Никогаш Северна. Укинување на Преспански договор. Враќање на името.

Па дојдоа на власт.

Е откако дојдоа Преспа ја нанарече ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: јазикот, културата и национален идентитет се заштитени. Тимчо рече: НАТО никогаш подобра работа за бизнисот.

Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата: ве чекаме со вашиот идентитет и ваш јазик.

Што остана од патриотизмот? Бугарските пасоши во редовите на ВМРО. Фирмите во Бугарија. И

обвинението дека другиот работи по налог на Радев. Латас - Гебелс.

Чекорот што го бара ЕУ не е предавање. Основите се: судство, обвинителство, борба против корупција. Истиот чекор што Мицкоски го запира две и пол години.

Второт рок истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас. А пред членство - Лаура Ковеши.

Затоа вели „не по секоја цена“. Не поради јазикот, не поради идентитетот. Поради истрага и страв од одговорност.

Патриотот нема што да каже. Идентитетот го потврди Брисел. Вратата ја држи тој.

СДСМ го кажа ова уште пред избори. Денеска го рече и Фон дер Лајен.

Лагата остана кај бандата.

Скопје, 02.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи

Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи

Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој денес во Куманово ги отвори деветтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак 2026“.

„Органското земјоделство е современ, прецизен и контролиран начин на производство што бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето. Органскиот производител заслужува систем што ќе го препознае неговиот дополнителен труд и ќе го заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција“, истакна министерот Серафимовски.

Тој нагласи дека политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се насочуваат кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи.

„Добриот производ се создава на нива или на фарма, но неговата вредност се потврдува на пазарот. Новата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и современата опрема за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат повисок квалитет“, порача министерот Серафимовски.

Организатори на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ се здружението „Живот“, Комората на органски производители на Македонија и Општина Куманово, а на манифестациите учествуваат производители, изложувачи и гости од земјата и од странство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер