СветКалас утре патува за САД на средба со Рубио Многу јасно дека со (рускиот претседател Владимир) може да се разговара за се, но кога станува збор за Европа или Украина, тогаш и Украина и Европа, исто така, треба да се согласат со тоа.Потребни ни се што е можно повеќе интеракции со новата Американска администрација, затоа што ниту еден договор за Украина нема да биде можен без учество на Европската Унија и од тие причини утре ќе патувам за САД на средба со државниот секретар Марко Рубио и други претставници за да разговараме за овие прашања, најави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата. - Многу јасно дека со (рускиот претседател Владимир) може да се разговара за се, но кога станува збор за Европа или Украина, тогаш и Украина и Европа, исто така, треба да се согласат со тоа. Затоа треба да се разговара со нас за што и да е, нагласи Калас во одговор на прашање поврзано со разговорите меѓу САД и Русија за ставање крај на конфликтот во Украина. Според неа, многу е важно ЕУ и САД да го зачуваат единството, па во тој правец се насочени и разговорите на сите европски лидери со американските претставници. За оценките на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со шефот на украинската држава Володомир Путин и неговиот демократски легитимитет, Калас рече дека не би можела да говори за овие „интересни изјави“. - Кога слушнав диктатор помислив дека сигурно направил грешка и дека ги помешал овие две личности. Путин, односно Русија, немале избори 25 години, а Зеленски е избран лидер, избран на слободни избори. Секако дека за време на војна не можете да имате избори, додаде Калас. Според неа, ако се погледнат пораките што сега доаѓаат од САД, тогаш е јасно дека во нив многу силно е застапен рускиот наратив. Таа нагласи дека во моментов мора да се работи на поддршка на Украина повеќе од кога било досега и затоа на денешниот Совет очекува политичка дискусија за тоа што ЕУ може повеќе да направи за земјата. Калас најави дека ќе претстави и нова „одбранбена иницијатива“ за поддршка на Украина со која на земјата би требало да и се обезбеди доволно муниција на краток рок и изрази надеж дека европските шефови на дипломатии ќе го усвојат 16-тиот пакет санкции кон Русија, со кои како што најави, ќе бидат опфатени повеќе сфери, од конзолите за игри, па до руската „флота во сенка“. На прашање дали ќе се разговара за евентуално испраќање европски мировници во Украина, Калас изјави за да се говори за такво нешто прво е потребно да се постигне мир. - Засега Путин и Русија не сакаат мир, па од таму не можеме да имаме мировни мисии. Сепак, дискусиите за тоа какви безбедносните гаранции и се потребни на Украина се во тек, додаде Калас. Во однос на состојбата во ДР Конго, Калас информира дека ќе се разговара за воведување на санкции кон оние лица и субјекти инволвирани во конфликтот во источниот дел на земјата, како и за суспензија на Договорот за критични суровини на ЕУ со Руанда, поради нејзината поддршка на коконгоанските бунтовници. Таа најави и суспензија на дел од санкциите за Сирија, со која меѓу останатите ќе бидат опфатени банкарскиот, транспортниот и енергетскиот сектор, како и одржување на Советот за асоцијација ЕУ-Израел, на кој ќе учествуваат сите 27 министри за надворешни работи на земјите членки на Унијата и ќе можат да ги изнесат своите ставови и мислења во врска со односите со еврејската држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица. Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаПредизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во БрвеницаСпоред информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово. Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook