Калас: Со давањето територијални отстапки на Русија во Украина ќе се испрати порака дека агресијата се исплати - Канал 5

Калас: Со давањето територијални отстапки на Русија во Украина ќе се испрати порака дека агресијата се исплати

Калас додаде и дека досега неколку пати во историјата имаме видено дека ако на агресорот му се даде она што го сака, тој ќе бара уште. 

Калас: Со давањето територијални отстапки на Русија во Украина ќе се испрати порака дека агресијата се исплати

Мора да се почитува принципот на територијалниот интегритет на Украина, бидејќи ако земјата направи територијални отстапки кон Русија со тоа ќе се испрати порака дека агресијата се исплати и дека едноставно секој можете да употреби сила против своите соседи и да го добие она што го сака, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во однос на можноста Киев да биде изложен на притисок да се откаже од делови на Донбас во замена за мир.

- Не смееме да заборавиме дека тука Русија е агресор, а Украина е жртва. Оттаму вршењето притисок врз Украина не е правилен пристап, не само за Украина, туку и за европската и глобалната безбедност, рече Калас на прес-конференцијата по денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Калас додаде и дека досега неколку пати во историјата имаме видено дека ако на агресорот му се даде она што го сака, тој ќе бара уште.

- Суштината не е променета. Украина е подготвена за безусловно примирје уште од февруари, но Русија не е вистински заинтересирана за мир, изјави Калас, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин ќе седне сериозно да преговара само ако мисли дека губи.

Таа нагласи дека ЕУ ги поддржуваа напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Русија и во тој аспект е подготвена да го засили притисокот врз Русија да се согласи на мир.

- Оваа недела имаме за цел да усвоиме нов голем пакет санкции кон Русија. Секое евро што ќе и го ускратиме на Русија, е евро што не ќе може да го користи за војување. Министрите денеска беа јасни дека по 19-от пакет треба да работиме на следен. Тој нема да биде последен, истакна Калас.

Високата претставничка додаде дека на Украина и е потребна поголема воена, но и финансиска поддршка, па затоа на состанокот се разговарало и за предлогот на Европската комисија за користење на замрзнати руски средства за итни одбранбени потреби на Украина, за што била изразена „широка поддршка“ од министрите.

Според Калас, во услови на засилени руски напади врз украинската енергетската мрежа, министрите ја повикале Еврокомисијата да предложи дополнителни мерки за поддршка на енергетската безбедност на Украина и апелирале до трети земји да ги зголемат испораките на гас за државата.

- Исто така, назначив специјален пратеник-координатор за прибирање на најдобрите практики од различни земји членки на Унијата за да дејствуваме брзо за понатамошно намалување на руските приходи за финансирање на војната, соопшти Калас, најавувајќи дека се разговарало за преземање построги мерки против т.н. руска „флота во сенка“.

Калас информира и дека 25 земји членки на ЕУ се согласиле да бидат дел од Специјалниот трибунал за злосторства сторени при руската агресија, за чие формирање Унијата веќе најави 10 милиони евра.

- Режимот на Путин ја започна оваа војна и мора да се соочи и со последиците, додаде Калас.

На состанокот станало збор и за состојбата на Блискиот Исток, каде, како што рече Калас, планот за прекин на огнот во Газа штотуку се соочува со својот прв „голем стрес-тест“ со нападите на Хамас врз палестинските цивили и одбивањето на движењето да се разоружи.

- Министрите дискутираа како Европската Унија може да го поддржи Мировниот план, вклучително и преку обезбедување дополнителна поддршка за воспоставување управа и обнова на Газа, истакна Калас

На средбата се говорело и за предлог казнените мерки на Европската комисија кон Израел, при што било оценето дека контекстот во кој тие беа предложени сега е променет со Мировниот план и договорот за примирје.

- Но, ако не видиме реални и одржливи промени на терен, вклучително и дистрибуција на поголема хуманитарна помош во Газа, заканата од санкции останува на маса, додаде Калас.

На состанок се говорело и за соработката со земјите партнери од Индо-пацифичкиот регион, како и за состојбата со човековите права и поткопувањето на владеењето на правото во Грузија и искуствата од изборите во Молдавија. Во тој контекст е започната иницијатива за понатамошна модернизација на методите за мониторинг на изборите, пред се поврзано со влијанието на интернетот и социјалните медиуми врз транспарентноста и инклузивноста на изборните процеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани Инфантино

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.

ФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани Инфантино

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот.

Инфантино заработува над пет милиони евра годишно

Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА.

Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија.

Поширок модел на бенефиции

Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството.

Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз.

А Киоменто има посебни привилегии

Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс.

Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“

Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.

„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“

„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.

САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација.

Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница.

Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции.

Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.

Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер