Калас: САД сакаат да ја поделат Европа - Канал 5

Калас: САД сакаат да ја поделат Европа

Шефицата на европската дипломатија и поранешна естонска премиерка, Каја Калас, изјави дека САД сакаат да ја поделат Европа за да ја спречат да стане нејзин конкурент.

Калас: САД сакаат да ја поделат Европа

Во интервју за „Фајненшл Тајмс“ објавено вчера, Калас ги обвини САД дека се обидуваат да „забијат клин“ меѓу европските сојузници по прашања како што се трговијата и односите со Кина.

„САД сакаат да ја поделат Европа“, рече Калас. „Тие сакаат да бидат сигурни дека Европа не е обединета, бидејќи обединета Европа е силна Европа, а силна Европа е конкурент на САД“.

Таа додаде дека САД, исто така, се обидуваат да ги поткопаат европските напори за градење на сопствени одбранбени капацитети. Според неа, Вашингтон сака Европа да остане зависна од Америка во безбедноста.

Изјавите на естонската политичарка доаѓаат во време на растечки тензии меѓу САД и некои европски земји околу трговијата, трошоците за одбрана и односите со Кина. Американската администрација постојано изразува загриженост за зависноста на Европа од руските енергетски извори и нејзините трговски врски со Кина и ги повика европските сојузници поблиску да се усогласат со целите на надворешната политика на Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер