Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ - Канал 5

Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ

 Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство .

Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија.

- Задоволство е да се биде во Скопје. Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ - и првата што почна да ги користи придобивките од ншиот План за раст за Западен Балкан. Таа припаѓа во нашето европско семејство. Сега е неопходно да продолжи по патот кон ЕУ, напиша Калас на нејзиниот профил на платформата Икс.

Високата претставничка на надворешната и безбедносната политика на ЕУ за време на вчерашната посета на Скопје имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана, а го посети и седиштето на Балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Од редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди.

Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката.

По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.

Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.

Сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени

Според УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Берово, -1 Лазарополе, Битола, 0 Попова Шапка, Струмица, Скопје – Петровец, 1 Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, 2 Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Виница, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

6 Маврови Анови, 5 Охрид, 4 Попова Шапка, Прилеп, 3 Крушево, Лазарополе, 2 Битола, Струмица, Претор, Берово, 1 Пожаране, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне наместа повремено засилен со силен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер