Калас: Мора да се притисне Русија за да преговара сериозно за мир во Украина - Канал 5

Калас: Мора да се притисне Русија за да преговара сериозно за мир во Украина

 Гледаме дека меѓународниот поредок базиран на правила е под голем притисок, дека трансатлантските врски не се исти како што беа, а имаме и закани, како што се руската војна во Украина и нестабилноста на Блискиот Исток.

Калас: Мора да се притисне Русија за да преговара сериозно за мир во Украина

Гледаме дека меѓународниот поредок базиран на правила е под голем притисок, дека трансатлантските врски не се исти како што беа, а имаме и закани, како што се руската војна во Украина и нестабилноста на Блискиот Исток, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред доаѓањето на денешниот Совет за надворешни работи на Унијата.

Таа посочи дека очигледно е оти Русија сè уште не е сериозна во врска со мировните преговори за Украина имајќи предвид дека на последната рунда разговори во Абу Даби од руска страна беа присутни само воени лица, кои, според неа, немаат мандат да се договорат за ништо што би било дефинитивно.

- Затоа е важно да ја поттикнеме Русија на преговори токму сега. Тие само се преправаат дека преговараат, а гледаме како ги зголемуваат своите напади врз Украина. Не може да постигнат резултати на бојното поле, па затоа напаѓаат цивили, ги таргетираат болниците, училиштата, станбените згради, критичната и енергетската инфраструктура, со цел да ги принудат Украинците да се предадат и навистина мора да бидеме многу јасни во врска со ова - рече Калас.

Според неа, јасно е дека за да успее каков било мировен договор за Украина, во неговото постигнување мора да бидат вклучени и Европејците бидејќи војната е на европска почва.

- Гледаме дека Американците не ја поддржуваат Украина речиси повеќе од една година. Европејците го прават тоа за да може Украина да се одбрани, па за нас е многу важно принципите на територијален интегритет и суверенитет да бидат почитувани. Секако гледаме дека меѓународното право е под голем притисок не само во Украина, туку и од други сили - рече Калас.

Таа оцени дека притисокот врз украинската страна да се согласи на отстапки во замена за мир ја замаглува сликата бидејќи Украина не е таа што врши агресија, туку Русија, па затоа треба да се изврши поголем притисок врз Москва за да видиме отстапки од руската страна во врска со безбедносните гаранции.

- Многу е важно да имаме видливи безбедносни гаранции. Денес ќе зборуваме и за тоа што повеќе можеме да направиме од европската страна, но исто така и Американците мора да бидат дел од тоа - додаде Калас.

Таа најави дека се предвидува Русија на денешниот Совет да биде ставена на листата за перење пари, со што дополнително ќе се ограничат нејзините фондови за водење на војната и ќе се изврши дополнителен притисок врз неа да прифати вистински преговори.

Во однос на идејата за создавање европска армија, која би била испратена во Украина како мировен контингент по завршувањето на војната, Калас рече дека секоја европска земја има своја армија, а армиите на 23 земји исто така дел и од структурата на НАТО.

- Не можам да замислам дека земјите ќе создадат посебна европска армија, туку тоа мора да бидат армиите што веќе постојат. Но, треба да видиме како тоа би функционирало во пракса. За мене е разбирливо дека војската мора да има многу директен и јасен синџир на команда, така што секогаш кога ќе се случи нешто, да биде јасно кој кому му дава наредби. Ако создадеме паралелни структури, тогаш тоа само ќе ја замагли сликата и во случај на проблеми наредбите може едноставно да се загубат - додаде Калас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница

Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница

Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, од спроведен прв изборен круг, врз основа на податоците од записниците од Општинска изборна комисија Брвеница.

Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%. Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, додека неважечки е 161 ливче.

Според утврдените резултати од гласањето одржано на 18-ти октомври 2026 година, кандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција „Твоја Македонија“, освои вкупно 2.945 гласа (38,89%), Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција освои 2.152 гласа (28,42%), Јакуп Хусеини од Коалиција ВЛЕН освои 1.529 гласови (20,19%), Јовица Радески од СДСМ, Коалиција за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, освои 707 гласа (9,34%), Душан Богдановски од Група избирачи Душан Богдановски освои 57 гласа (0,75%), и Арифе Идризи од Група избирачи Арифе Идризи освои 21 глас (0,28%).

Со објавување на првичните официјални резултати тече рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Проговорите се поднесуваат преку архивата на ДИК, во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати, односно најдоцна до 21.10.2026( среда) до 12.30 часот.

Согласно член 148 став 2 од Изборниот законик, приговор за постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, односно најдоцна до 19.00 часот на 20.10.2026 година (вторник).

ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целата постапка по приговорите, соопштуваат од ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Пет тони небезебедна храна, овошје и зеленчук биле запленети на пазарите во Ѓорче Петров и Зелен пазар, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Првиот човек на АХВ Оливер Миланов, објаснува дека станува збор за спречување на нелегална продажба на храна надвор од организираните пазарни простори.

За продавачите внатре во пазарите е во ред и треба да има контрола, објаснуваат дека тие плаќаат годишно за една теза шест илјади денари, а мораат да земаат и до три четри тезги, а плаќаат и други давачки. И купувачите велат дека надвор од пазарите цените се по 20 денари поевтини.

Од АХВ најавуваат продолжување на контролите на локациите околу пазарите.

И покрај забраните денеска повторно на тротоарите се продаваа производи. Продавачите објаснуваат дека тие продаваат неколку дена и немаат исплатливост за земање на тезга.

Инспекторите потенцираат дека самото продавање надвор од пазарите не значи дека секој производ е небезбеден, но непознатото потекло и несоодветните услови за чување се причини за претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

Обвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за  случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. 

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење.

-Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство.

Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај.

-Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски.

На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала.

Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер