Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
СветКалас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег-Доколку се спроведе, планот за населување во оваа област трајно ќе ја прекине географската и територијалната врска помеѓу окупираниот Источен Ерусалим и Западниот Брег, како и помеѓу северните и јужните делови на Западниот Брег, нагласи Калас.Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, синоќа нагласи дека одлуката на израелските власти да продолжат со планот за изградба на населби во областа Е1 дополнително ќе го поткопа решението со две држави и ќе претставува кршење на меѓународното право, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЦ). -Доколку се спроведе, планот за населување во оваа област трајно ќе ја прекине географската и територијалната врска помеѓу окупираниот Источен Ерусалим и Западниот Брег, како и помеѓу северните и јужните делови на Западниот Брег, нагласи Калас. Таа го повтори својот апел до Израел веднаш да ја запре изградбата на населби, нагласувајќи дека политиките за населување, вклучувајќи уривање, присилно раселување, присилни иселувања и запленувања на домови, мора да бидат запрени. -Заедно со континуираното насилство од страна на доселениците и воените операции, овие еднострани одлуки ја поттикнуваат веќе напнатата ситуација на терен и дополнително ја поткопуваат секоја можност за мир, рече таа. Калас го повика Израел да се откаже од овој потег, предупредувајќи на неговите далекусежни последици и нагласувајќи ја потребата да се преземат чекори за зачувување на одржливоста на решението со две држави. Плановите за одобрување на тендер за изградба на над 3.400 станбени единици во контроверзниот проект за населба Е1 помеѓу Ерусалим и Маале Адумим на Западниот Брег, објавен вчера од израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, предизвикаа широка осуда, објави „Тајмс оф Израел“. Министерот за финансии од крајната десница објави планови за одобрување на тендер за изградба на над 3.400 станбени единици во контроверзниот проект за населба Е1 помеѓу Ерусалим и Маале Адумим на Западниот Брег. Тој исто така рече дека планот ќе ја „закопа идејата за палестинска држава“. Смотрич во изјава рече дека одобрувањето на планот за изградба е продолжение на чекорите што Израел ги презема на терен како дел од де факто планот за суверенитет што почна да се спроведува со воспоставувањето на израелската влада. Проектот е замрзнат со децении поради жестокото противење од меѓународната заедница, која се плаши дека новата населба ќе блокира одржливо решение за создавање палестинска држава. Потенцијалната изградба на населбата во таканаречената област Е1 би го поделила Западниот Брег на северен и јужен регион и би го спречила развојот на палестинска метропола што ќе го поврзува Источен Ерусалим со Витлеем и Рамала, за која Палестинците долго време се надеваа дека ќе биде основа на нивната идна држава. Сепак, како што изјави органот за надзор на населбите „Мир сега“ (Peace Now), одобрените планови не се однесуваат на оригиналната област Е1, туку на посебна населба во градот Маале Адумим. -3.300-те станбени единици во Маале Адумим претставуваат зголемување од 33 проценти на вкупниот број единици во населбата, масовно проширување за населба чие население стагнирало на околу 38.000 во текот на изминатата деценија и страдало од раселување, соопшти организацијата. „Мир сега“ додаде дека тендерите се за голема населба што ќе ја поврзе изградената област Маале Адумим со индустриска зона на исток. Плановите за изградба на населба што би го поделила Западниот Брег предизвикаа широка осуда од земји како Катар, Египет и Норвешка, кои се спротивставуваат на плановите, нарекувајќи ги кршење на меѓународното право. Тагови: ЕУ Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24