Какви негативни импликации може да има поради војната на Блискиот Исток? - Канал 5

Какви негативни импликации може да има поради војната на Блискиот Исток?

Ескалацијата на кризата на Блискиот Исток може да донесе економска неизвесност и во Македонија, предупредуваат дел од експертите.

Какви негативни импликации може да има поради војната на Блискиот Исток?

Иако земјава нема значајна директна трговска размена со регионот, според професорот Арбен Халили, индиректно ќе ги почувствува последиците од војната преку растот на цените на енергенсите. Тој посочува дека клучен ризик претставува Ормускиот теснец, преку кој минуваат околу 20 проценти од светската трговија со нафта. Секој евентуален прекин или ограничување на транспортот таму би можел нагло да ја зголеми цената на суровата нафта на светските берзи, што директно би се одразило и врз домашниот пазар. Според Халили, во таков случај цените на горивата во земјава би можеле да пораснат за 5 до 10 проценти, а тоа би значело поскап транспорт, повисоки цени на храната и зголемени производствени трошоци, што дополнително би ја забрзало инфлацијата. Во најлошо сценарио, предупредува тој, стапката на инфлација би можела да стане двоцифрена.

- Очекувано е нагло инфлацијата да оди нагоре. Тоа подразбира дека ќе повлече зголемување и на цените на прехранбените производи, но посебно на индустријата на глобално ниво, поради фактот што се што се користи во производството во индустријата, користи нафта. Не очекувам дека ќе останеме на планираното 2,7 според Владата и 3,5 од страна на Светска Банка инфлацијата да биде кај нас. Ако не се најде некое брзо решение секако дека инфлацијата сега да не преудицирам, но со овие предвидувања може да биде и двоцифрена.

Според Халили, секој глобален енергетски потрес има посилен ефект врз мали и отворени економии како македонската. Како увозно зависна земја, особено кога станува збор за енергенси, суровини и дел од прехранбените производи, Халили вели дека ваквите состојби ја наметнуваат потребата од зголемување на домашното производство и намалување на зависноста од увоз.

- Реално ова е уште еден показател дека ние мора да се свртиме кон домашното производство и да станеме повеќе проиводители на тоа што е неопходно за нас и да не бидеме целосно зависни од увозот. Ние за жал од земја која што извезувавме станавме земја која што најголемиот дел од прехрамбената индустрија ја увезуваме.

Дека глобалната економија се наоѓа пред сериозни ризици со долготрајни ефекти предупредуваат повеќе светски аналитичари. Иако берзите се затворени за време на викендот, според најавите и во зависност од развојот на безбедносната состојба, можни се нагли ценовни варијации веќе од утре, особено на пазарите на нафта и енергенси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер