МакедонијаКакви ефекти во догледно време може да донесе одржаната лидерска средба? Иако, барем декларативно, по лидерската средба доби генерална поддршка, сепак според експертите една изборна единица е тешко остварлива. Политичкиот аналитичар Марко Трошановски вели, главната пречка за ваквиот изборен модел ќе бидат помалите политички партии кои се во опасност да не го достигнат цензусот од 5% и со тоа да бидат дефакторизирани... Отворените листи од истите причини не се опција, смета и аналитичарот Љуљзим Фаризи.. -Помалите коалициони партнери нема да сакаат, бидејќи ќе исчезнат од политичката сцена или ќе се дефакторизираат, така што не знам како ќе се развива тоа, меѓутоа што барем еве уште еднаш не дека е прв пат, е изразена подготвеност да се адресира овој проблем. Изборниот праг за кој се зборува може да ги исфрли малите партии од игра, ако е премногу висок, 5% кој што се бара не е мал праг, така што има многу финеси тука во најмала рака отворените листи сериозно треба да се земат предвид барем на локално ниво или комбиниран,- -Марко Трошановски - Политички аналитичар – Институт за демократија. -Нема да имаме отворени листи, можеби ќе има помалку изборни единици, но неверувам дека политичките партии би ризикувале да има отворени листи, мислам дека за таков начин не е подготвен политичкиот амбиент во државата,- Љуљзим Фаризи – Политички аналитичар. Според аналитичарите вчерашната лидерска средба завршила невообичаено конструктивно и со позитивни пораки, дури и онаму каде во изборниот процес беа најостри. Премиерот Мицкоски и лидерот на ДУИ – Али Ахмети најавија тет-а-тет средба, но дали истата утре може да прерасне и во соработка? Според аналитичарите во политиката непостои невозможносто... изборите завршија, а политичките договори и тактизирања повторно се на сцена. -Ахмети ги чекаше резултатите во Гостивар и Врапчиште со цел да победат и така се случи за да имаат подобра позиција во преговорите. Многу е важно што Ахмети даде две – три пораки кои беа за неговите членови и што се догвориле за тет-а-тет да се сретнат со Мицкоски за да се договорат за следните чекори. Тоа е порака до своите членови дека во иднина може да се преговара со Премиерот на Владата во иднина. Тоа е мамката што ја фрла Ахмети кај неговите подржувачи да ги држи со полна енергија за на следните избори да добијат посилен резултат,- Љуљзим Фаризи – Политички аналитичар. -Видете, се може во политиката, ништо што е кажано не е зацртано во камен, се е променливо како што сме сите многу свестени за овие 30тина години демократија, така што се е можно би рекол, но изгледа дека засега барем владината коалиција е комфорна и стабилна,- Марко Трошановски - Политички аналитичар – Институт за демократија. Аналитичарите дополнително сметаат дека земјава веќе го надраснала моделот на техничката Влада и дека истата треба да влезе во историјата, бидејќи, според нив, се покажала зрелост во неколкуте последни изборни циклуси, без некакви сериозни нарушувања на процесот. Тагови: лидерска средба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцираКралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет. Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина. Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини. Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан: Би сакал да го тренирам ЈувентусПред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“. „Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан. Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации. „Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“. Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите. Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.Тагови: Зинедин Зидан Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на УкраинаПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати. Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања. Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција. За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина. Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина. „Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна. Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.Тагови: Володимир Зеленски Старлинк украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34